Достапни линкови

Европа дава, ние ја штедиме


Македонија користи само мал дел од парите од ИПА фондовите. Иако програмирањата се завршени, парите се трошат бавно.

Македонија има уште неколку месеци да аплицира за стотина милиони евра од ИПА фондовите од програмата 2007-2013-та. Парите кои Европа ни ги дава за подобро образование, модерни патишта, развој на руралните средини, помош за земјоделците, реформи во администрацијата, медиумите, развој на мали и средни претпријатија, никако да ги потрошиме. Би се рекло дека Европа дава, а ние ја штедиме.
Ако институциите не успеат да го фатат чекорот со времето и да ги искористат тие пари, има можност да се прибегне кон да речеме отпишување на тие проекти.
Фани Каранфилова Пановск, ФИООМ.

Иако програмирањата се завршени, парите се трошат бавно. И додека во тек е програмирањето за оваа и за следната година, се уште се во тек некои програми од 2007. Таков е случајот и со 2008, а за 2009, пак, се потпишани многу мал број од договорите. А, веќе од 2014-та има нова ИПА, односно нова буџетска рамка, наречена интегрирана ИПА, вели Фани Каранфилова Пановска, од Институт отворено општество.

„Ако институциите не успеат да го фатат чекорот со времето и да ги искористат тие пари, има можност да се прибегне кон да речеме отпишување на тие проекти.“
Има институции каде секоја година има нов човек и нема институционална меморија, нема континуитет, луѓето таман ќе се пофатат конците, ќе гисмена, ќе дојде некој друг.
Фани Каранфилова Пановск, ФИООМ.

Една од причинате за неискористеност за европските пари лежи и во немањето на државна стратегија. Државата нема национален развоен план, вели Пановска.

„Тие луѓе што се занимаваат со програмирање на ИПА-та, па ги менуваат, не знам да ви кажам, ама има институции каде секоја година има нов човек и нема институционална меморија, нема континуитет, луѓето таман ќе се пофатат конците, ќе гисмена, ќе дојде некој друг.“

Граѓаните, пак, не се многу запознаени што се тоа ИПА фондови.

„Помаѓање на мали и средни претпријатија, земјоделска дејност, стопанска дејност, да сум слушнал за ИПА фондови.“

„Не ми е позната тоа, дали се некои невладини организации, не знам.“

„Не, никој не дава пари, не помага.“

Деновиве медиумите се занимаваа со обраќањето на Лидија Димова од Центарот за европско образование која во Брисел апелираше да не се дозволи парите од ИПА 2010, 2011, 2012-та да завршат во буџетот на земјата, па владата да решава на што ќе ги потроши.

„Третиот проблем се однесува на неправилното користење на твинингот.
Морам да напоменам дека имам чувство дека со цел да не се изгубат
парите, понекогаш Комисијата ја спасува владата преку програмирање на
проекти кои се неизводливи. Знам дека Владата се обидува да добие буџетска поддршка и се надевам дека нема да ги добие затоа што следната година имаме локални избори, а досега е познато дека Владата злоупотребува пари, дури и евроспки пари, на пример со Агенцијата[за образовни програми], но нема да одам сега кон тоа.“

Провладините медиуми изјавата на Димова ја нарекоа скандалозна и пренесоа дека таа побарала укинување на средствата кои Европската унија ги дава за поддршка на Македонија.

Една од најмногу спомнуваните програми на ИПА се ИПАРД фондовите, односно помошта за рурален развој и за земјоделство. Но и тука има проблем, иако биле побарани 42 милиони евра за буџетската рамка 2007-2012-та, досега се потрошени само 7.

Според податоците од Секретаријатот за европски прашања кои се координатори за европските пари, за 2010 во фаза на програмирање и реализација се распределени 91,7 милиони евра, за сите 5 компоненти од ИПА. А за 2011, 98 милиони евра. Во програмите можат да аплицираат сите правни субјекти, но, во одредени
случаи и физички лица.

Во извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, за тоа до каде е земјата со развој на капацитетите за искористување на европските фондови се наведува дека подготовките во оваа област бележат умерен напредок.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG