Врсник е на лондонскиот Биг Бен, налик на италијанската кула во Пиза, а ќе остане вечен симбол и синоним за Прилеп, градскиот часовник кој бележи прогресија во накривувањето. Според последните мерења Саат кулата е навалена на страната кадешто се скалите, точно 85 сантиметри од нормалата. Стручњаците тврдат дека оваа ситуација се должи на меката земја под саатот. За да се санира накривувањето на објектот, во тек се реконструктивни и стабилизациски активности.
Прилепскиот Завод и Музеј, ги заврши сите тендери, па во наредните два месеца според најавите ќе се стопира накривувањето на кулата.
„Досегашното отклонување од вертикалата на Саат кулата е 85 сантиметри, што воопшто не е опасно според мислењето на стручњаците, затоа што како ние на секои 3 години ние вршиме мерења, тие мерења покажуваат, последното мерење 2006, па 2009 година, а поместувањето на вертикалата од основата е само 2 милиметри“, вели Гордана Данилоска Спироска, директор на прилепскиот Завод и Музеј.
Саат кулата во моментов е дом на инсекти, пајаци, муви, гулаби...тесните скали и малото плато каде што е сместен механизмот на саатот е преполно со останките од гулабите, а земја и прашина има во изобилство. Механизмот на градскиот часовник одамна не функционира. Но, сепак кулата која од далечната 1858 година била средиште на еснафскиот живот во градот, остана во овој век ипол средиште на севкупните случувања во Прилеп.
Овде и денес се собираат граѓаните од сите возрасти, во паркот се одмараат, ја читаат пораката на натписот, испишана на плочата над влезната врата. „Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето за животот и времето што минува, саатот жали и вика ах“.
„Самото стабилизирање ќе значи уште поголема туристичка атракција со сознанието дека е стабилизирана во таква состојба, значи ние ја имаме, не кулата во Пиза, туку ќе имаме Саат кула во Прилеп искривена. Можеби 99 отсто прилепчани, не знаат како изгледа внатрешноста на Саат кулата, па за сите нив ќе биде интересно да се качат, а и туристите да се качат да го погледнат Прилеп од таа височина, панорамата на Прилеп и пошироко“, најавува Данилоска Спироска.
А, токму тука на најгорниот дел од кулата, на височина од 34 метри, навистина може да се доживее Прилеп во една сосем поинаква перспектива. Животот на граѓаните може да се посматра во сите улички на старата чаршија, од сите страни на градот, до Марковите Кули, да се фрли поглед на Селечка...едноставно незаборавно уживање, до кое се стигнува, доколку останете упорни и ги изминете тесните скали до врвот.
Покрај реконструкцијата и стабилизацијата на накривувањето, околината на овој симбол на градот и паметник на сите настани низ бројните децении, ќе биде и хортикултурно уредена. Па, ако се остварат плановите да биде отворен за посети, тогаш ќе биде навистина туристичка атракција. За овој проект Министерството за култура одвои 3, а локалната самоуправа 2 милиона денари.
Досегашното отклонување од вертикалата на Саат кулата е 85 сантиметри, што воопшто не е опасно според мислењето на стручњаците, затоа што како ние на секои 3 години ние вршиме мерења, тие мерења покажуваат, последното мерење 2006, па 2009 година, а поместувањето на вертикалата од основата е само 2 милиметри.Гордана Данилоска Спироска, Завод и Музеј-Прилеп.
Прилепскиот Завод и Музеј, ги заврши сите тендери, па во наредните два месеца според најавите ќе се стопира накривувањето на кулата.
„Досегашното отклонување од вертикалата на Саат кулата е 85 сантиметри, што воопшто не е опасно според мислењето на стручњаците, затоа што како ние на секои 3 години ние вршиме мерења, тие мерења покажуваат, последното мерење 2006, па 2009 година, а поместувањето на вертикалата од основата е само 2 милиметри“, вели Гордана Данилоска Спироска, директор на прилепскиот Завод и Музеј.
Можеби 99 отсто прилепчани, не знаат како изгледа внатрешноста на Саат кулата, па за сите нив ќе биде интересно да се качат, а и туристите да се качат да го погледнат Прилеп од таа височина, панорамата на Прилеп и пошироко.Гордана Данилоска Спироска, Завод и Музеј-Прилеп.