Час по историја. Вака може да се окарактеризира новиот лик на плоштадот Македонија. Од пред новата ера па се денес на едно место може да се видат личностите кои оставиле најголем белег во македонското минато. Од Александар Македонски, Јустинијан Први, цар Самуил, па се до Даме Груев, Гоце Делчев, Гемиџиите и Методија Андонов Ченто. Зачинети со
современиот дух на двете шмизли, скулптурата дрво и пливачката во Вардар.
Архитектот Мирослав Грчев вели дека ваков проект досега не е виден во урбанизацијата и уредувањето на централните градски простори. Нема стандард колку споменици може да издржи еден плоштад, но нивното поставување е сложен процес за кој е потребна длабока анализа, а не само политичка волја, вели тој.
„Ова што нам ни се случува е нешто сосема обратно, спомениците ги поставува потполно лаичка, нестручна политичка волја, која што да е уште пострашна таа наша судбина, е исклучително неталентирана за простор.“
Архитектот Миодраг Радоњиќ вели дека капацитетот на просторот е преоптеретен.
„Затоа што имаме многу голема концентрација на споменици на едно место и мислам дека би било подобро да ти се дисперзираат малку од централното градско подрачје на поадевкатен начин.“
Проблемот, според Грчев, е во тоа што не одлучуваат адекватни личности за изгледот на плоштадот.
„Нашиот премиер ниту има образование, ниту има талент, меѓутоа со политичка волја ги налага и бројката и големината на тие споменици така што се работи за уништување, пренатрупување, што е гротесктно, карикатуралното е веќе прејдено.“
На прашањето што му недостасува на проектот Скопје 2014, кое може да
го одговорите и на нашата веб страна - Дали можеби Ајфелова, кула, Статуа на слободата, Биг Бен или пирамида граѓаните согласни, веќе има и премногу споменици.
„Па волку многу натрупано веќе изгуби од „жарот“ од се`. Ова е пренатрупано, ја претераа.“
„Уште некој од овие нашиве дејци да има ама подисперзирано да биде, пред Универзитет, пред некое министерство.“
„Воопшто не ми се допаѓа како е концепирано, прво разлика на стилови, а второ прекрасен голем плоштад сега е сведен на скоро ништо.“
Во план е и поставување на споменик на Неџат Аголи кој бил министер за здравство во македонската влада во 1945 година.
Спомениците ги поставува потполно лаичка, нестручна политичка волја, која што да е уште пострашна таа наша судбина, е исклучително неталентирана за простор.
Архитектот Мирослав Грчев вели дека ваков проект досега не е виден во урбанизацијата и уредувањето на централните градски простори. Нема стандард колку споменици може да издржи еден плоштад, но нивното поставување е сложен процес за кој е потребна длабока анализа, а не само политичка волја, вели тој.
„Ова што нам ни се случува е нешто сосема обратно, спомениците ги поставува потполно лаичка, нестручна политичка волја, која што да е уште пострашна таа наша судбина, е исклучително неталентирана за простор.“
Архитектот Миодраг Радоњиќ вели дека капацитетот на просторот е преоптеретен.
„Затоа што имаме многу голема концентрација на споменици на едно место и мислам дека би било подобро да ти се дисперзираат малку од централното градско подрачје на поадевкатен начин.“
Проблемот, според Грчев, е во тоа што не одлучуваат адекватни личности за изгледот на плоштадот.
Имаме многу голема концентрација на споменици на едно место и мислам дека би било подобро да ти се дисперзираат малку од централното градско подрачје.
„Нашиот премиер ниту има образование, ниту има талент, меѓутоа со политичка волја ги налага и бројката и големината на тие споменици така што се работи за уништување, пренатрупување, што е гротесктно, карикатуралното е веќе прејдено.“
На прашањето што му недостасува на проектот Скопје 2014, кое може да
го одговорите и на нашата веб страна - Дали можеби Ајфелова, кула, Статуа на слободата, Биг Бен или пирамида граѓаните согласни, веќе има и премногу споменици.
„Па волку многу натрупано веќе изгуби од „жарот“ од се`. Ова е пренатрупано, ја претераа.“
Па волку многу натрупано веќе изгуби од „жарот“ од се`. Ова е пренатрупано, ја претераа.