Достапни линкови

Скапи споменици, евтини приказни


На „Воинот на коњ“ му се придружија и спомениците на Јустинијан и Цар Самоил
На „Воинот на коњ“ му се придружија и спомениците на Јустинијан и Цар Самоил

Од ден на ден Скопје добива по некој нов споменик во рамки на проектот „Скопје 2014“, но власта и натаму молчи за потрошените пари.

Нетранспарентен проект во кој ни денес не се знае дали се запазени безбедносните процедури, коментираат упатените за Скопје 2014, проект кој повторно се актуелизира во јавноста по издигнувањето на споменикот на „Воин на Коњ“ на плоштадот во Скопје. Слаѓана Тасева од Транспарентност Нулта Корупција вели дека во целиот проект е нарушена транспарентноста:
За финансирањето на овие објекти никаде не можете точно да видите кој и колку пари дава.

„Станува збор за меморијални споменици, а за меморијални споменици одлуката ја носи Собранието каде што сите пратеници ќе треба да го кажат своето мислење, а за спомен обележјата одлука се носи на ниво на град Скопје, односно општината Центар. И со самото тоа се избегна или е нарушена транспарентноста и начинот на којшто треба да се носат одлуките.“

Не се знае кој колку плаќа, додава Тасева:


„За финансирањето на овие објекти никаде не можете точно да видите кој и колку пари дава. Има во буџетот ставка капитални објекти коишто се финансирани од буџетот на државата, ама не се кажува кои се тие капитални објекти, а тие средства се трошат за градење на овие споменици. Во самата тендереска постапка за избор на идејните решение се прават решенија во текот на самата постапка, нема конукурентност, нема натпревар помеѓу повеќе решенија.“
Работниците се вработуваат на црно, апсолутно не им се обезбедува или гарантира минимална заштита, едноставно се третираат да не речам ама како „модерни робови“ што е недозволиво во 21 век кога Македонија аплицира за членство во ЕУ.

Дел од архитектите одбиваат да коментираат и за „Воинот на Коњ“ и за целокупниот проект Скопје 2014, тврдејќи дека спомениците веќе се поставуваат и сега се дел од градот, па дебата и евентуални забелешки би биле непродуктивни. Останува и отворено прашањето дали постамент на статуата среде плоштад реално вреди 4,1 милиони евра, бидејќи градежниците кои ги консултиравме не знаат што се` е ставено во градбата за да се процени реалниот трошок. Сепак, евидентно е дека во проектот беа забележани направилности во безбедносните процедури. Двајца работници загинаа на градежните локации, а денес од синдикатот тврдат дека немаат информации дека нешто е преземено за подобрување на безбедноста. Претседателот на синдикатот на градежни работници Павел Трендафилов дополнува:

Не се запазуваат безбедносните стандарди за градежните работници, реагираат од Синдикатот

„Вработувањето или вклучувањето на подизведувачите токму во тој дел се прави најголемата злоупотреба затоа што работниците се вработуваат на црно, апсолутно не им се обезбедува или гарантира минимална заштита, едноставно се третираат да не речам ама како „модерни робови“ што е недозволиво во 21 век кога Македонија аплицира за членство во ЕУ.“

Спомениците на Јустинијан и Цар Самоил се последните елементи кои деновиве се поставени во рамки на проектот.
XS
SM
MD
LG