Достапни линкови

Распеани скопјани со поддршка за Пуси рајот


Осудените членки на Пуси рајот фотографирани на непозната локација.
Осудените членки на Пуси рајот фотографирани на непозната локација.

Распеани скопјани, во знак на поддршка на трите осудени членки на Пуси рајот ја изведоа нивната песна „Богородице дево Путина прогони, стани феминистка“ пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје.

Хорот Распеани скопјани се придружи на глобалната акција за поддршка на руската феминистичка панк-рок група „Пуси рајот“ чии членки беа осудени на две години затвор поради „хулиганство од верска омраза“, затоа што на 21 февруари годинава во црквата „Христос Спасителот“ во Москва ја изведоа нивната анти-путин молитва.
Станува збор за тоа што нивното право да го искажат својот став беше ускратено на најбрутален можен начин, а тоа, без разлика дали сосема се сложуваме или не, мора да се осуди и Пуси рајот мора да се поддржат затоа што тоа е проблемот со којшто повеќето општества во светот се соочуваат - ускратувањето на правото на слободен говор во оние моменти во кои тоа право на слободен говор не е во согласност со големите политики или големите моќници.
Јана Јакимовска, Распеани скопјани.

Распеани скопјани, во знак на поддршка на трите осудени членки на Пуси рајот ја изведоа нивната песна „Богородице дево Путина прогони, стани феминистка“ пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје.

Во скопскиот хор велат дека со настапот сакале да укажат на суровоста на режимот на Владимир Путин и неговото сосекување на опозициската мисла, дури и кога се работи за уметнички израз. Според нив, може да се повлечат секакви паралели помеѓу тамошниот и тукашниот режим, но, како што велат, највидлива е нетрпеливоста кон различните мислења, слободарските иницијативи и антипатријархалните пораки кои што ги споделуваат и Пуси рајот и Распеани скопјани.

Една од членките на хорот, Јана Јакимовска, вели дека сметеле дека е многу важно, како Распеани скопјани, да ги поддржат Пуси рајот, токму поради борбата за слобода на говор.

„Станува збор за тоа што нивното право да го искажат својот став беше ускратено на најбрутален можен начин, а тоа, без разлика дали сосема се сложуваме или не, мора да се осуди и Пуси рајот мора да се поддржат затоа што тоа е проблемот со којшто повеќето општества во светот се соочуваат - ускратувањето на правото на слободен говор во оние моменти во кои тоа право на слободен говор не е во согласност со големите политики или големите моќници“, вели Јакимовска.

Од друга страна, шефот на кабинетот на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, Бобан Митевски во интервју за Радио Слободна Европа пред околу еден месец изјави дека секој што прави нешто треба да мисли и на последиците од тоа.
Значи штом некој има право да реагира поради ова или она, како став на православната црква, на пример против хомосексуализам, против некакви нови општествени текови, така и православните имаат свој начин, односно може да ги користат инструментите и да си се заштитуваат со истата мерка.
Бобан Митевски, шеф на кабинетот на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.

„Значи штом некој има право да реагира поради ова или она, како став на православната црква, на пример против хомосексуализам, против некакви нови општествени текови, така и православните имаат свој начин, односно може да ги користат инструментите и да си се заштитуваат со истата мерка. Затоа ние апелираме дека секој треба да мисли на кој начин и како треба да реагира. Да, добро е да го каже својот став, добро е да се слушне сечиј став околу една работа, ама сепак тоа да биде на еден достоинствен начин, да биде на едноставно демократски начин. Демократскиот начин не значи да го кажам само своето, туку значи дека треба да внимавам и на другото и на туѓото“, рече Митевски.

Трите членки на руската панк група, Надежда Толокоњикова, Марија Аљохина и Екатерина Самуцевич за својот настап рекоа дека не бил со цел распламтување меѓуверска омраза и навреда на чувствата на верниците, туку своевиден протест против блиските врски меѓу црквата и државата. Тие особено протестирале против поддршката што поглаварот на Руската православна црква патријархот Кирил му ја даде на претседателот Владимир Путин за време на неговата изборна кампања.

Настапот на Пуси рајот во црквата „Христос Спасителот“ во Москва на 21 февруари годинава:
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG