Една недела по првите протести против поскапувањето на струјата, и ниту една надлежна институција не се обидела да стапи во контакт со демонстрантите, дел од граѓанската иницијатива „АМАН“ за нивните барања на протестите и можностите истите да бидат исполнети. Алексадар Гочев од „АМАН“, вели дека за сега ќе чекаат да бидат повикани од Регулаторната комисија на разговори и преговори за нивните барања за намалувањето на цената на енергенсите.
„Односно тие да не побараат, затоа што тие се за народот и платени се од народот и тоа им е фунција. Регулаторната комисија, таа е независно тело кое што треба да ги приспособи цените врз стандардот на граѓаните. Доколку тие не се повикани нас да не повикаат тогаш ќе продолжиме секој вторник со протести се додека не ни се исполнат барањата.“
Но доколку тоа воопшто не се случи, односно Регулаторната комисија не пројави слух за нивните барања, Гочев најави дека „АМАН“ ќе преземе поригорозни мерки.
„Тогаш ние ќе преземеме некои порадикални мерки како што е блокирање на работата на регулаторната комисија. Значи сето тоа ќе го утврдиме по овој протест, да видиме како ќе се одвиваат денеска настаните па ќе одлучуваме за следните мерки.“
Битолските членови на „АМАН“ велат дека секојдневно се справуваат со притисоци, се обидуваат да ги заплашат да не протестираат.
„Имаме притисоци индиректно преку луѓе, не среќаваат на улица и се закануваат дека нема да не вработат, дека и нашите сестри и браќа нема да ги вработат, дека е подобро да прекинеме. Но, тоа е неофицијално од луѓе, а досега не сме имале притисоци од некои институции“, вели Ѓорѓи Пулевски, дел од битолската граѓанска иницијатива „АМАН”.
Битолчани побараат поддршка и од Сојузот на Синдикатите, односно го осудија нивното молчење тврдејќи дека ова е социјален протест, а работниците денеска се една од најзагрозените категории граѓани во Македонија.
Од АМАН предупредуваат дека граѓаните допрва ќе го почувствуваат најголемиот удар од погрешните одлуки на Регулаторна. По поскапувањето на лебот во Велес, велат дека многу наскоро ќе поскапат и другите прехранбени производи.
Денеска се очекува проширување на протестите и низ другите градови односно на демонстрантите во Скопје и Битола ќе им се придружат и во Куманово, Тетово и Прилеп.
Претставниците на граѓанската иницијатива АМАН велат дека секој вторник ќе протестираат се додека цените на енергенсите не се определат според стандардот на граѓаните и не се повлече спорниот правилник на Топлификација кој, како што велат, е спротивен на законската регулатива.
Тогаш ние ќе преземеме некои порадикални мерки како што е блокирање на работата на регулаторната комисија. Значи сето тоа ќе го утврдиме по овој протест, да видиме како ќе се одвиваат денеска настаните па ќе одлучуваме за следните мерки.Алексадар Гочев, граѓанска иницијатива „АМАН“.
„Односно тие да не побараат, затоа што тие се за народот и платени се од народот и тоа им е фунција. Регулаторната комисија, таа е независно тело кое што треба да ги приспособи цените врз стандардот на граѓаните. Доколку тие не се повикани нас да не повикаат тогаш ќе продолжиме секој вторник со протести се додека не ни се исполнат барањата.“
Но доколку тоа воопшто не се случи, односно Регулаторната комисија не пројави слух за нивните барања, Гочев најави дека „АМАН“ ќе преземе поригорозни мерки.
„Тогаш ние ќе преземеме некои порадикални мерки како што е блокирање на работата на регулаторната комисија. Значи сето тоа ќе го утврдиме по овој протест, да видиме како ќе се одвиваат денеска настаните па ќе одлучуваме за следните мерки.“
Имаме притисоци индиректно преку луѓе, не среќаваат на улица и се закануваат дека нема да не вработат, дека и нашите сестри и браќа нема да ги вработата, дека е подобро да прекинеме. Но, тоа е нефицијално од луѓе, а досега не сме имале притисоци од некои институции.Ѓорѓи Пулевски, дел од битолската граѓанска иницијатива “АМАН”.