Достапни линкови

Три илјади евра казна за 80 денари вишок


Прилеп, Саат Кула.
Прилеп, Саат Кула.

Прилепските дуќанџии се жалат на енормно високи казни од инспекциите. Бараат казните да бидат соодветни со финансиската моќ на фирмите.

Прилепчанецот Димитрија Саботкоски е сопственик на мал дуќан, во којшто работат сите четири члена на семејството. Вели не заработувале, но сепак успевале да се прехранат. Меѓутоа неодамна инспекторите во неговиот дуќан утврдиле 84 денари повеќе во касата, од состојбата на фискалната машина. Инспекторите го казниле со енормни суми, па тој сега е во дилема дали да го затвори дуќанот, затоа посадиле тутун за да се одборчат на државата.
Јас сум казнет 3.250 евра и 15 дена ми беше затворен дуќанот. Тие 15 дена јас немав леб дома да си купам со моето четиричлено семејство. Јас работам со тој мал дуќан, садам тутун, за да го одржам дуќанот.
Димитрија Саботкоски, дуќанџија.

„Јас сум казнет 3.250 евра и 15 дена ми беше затворен дуќанот. Тие 15 дена јас немав леб дома да си купам со моето четиричлено семејство. Јас работам со тој мал дуќан, садам тутун, за да го одржам дуќанот“, се жали Саботкоски.
Димитрија Саботкоски, сопственик на мал дуќан во Прилеп.
Димитрија Саботкоски, сопственик на мал дуќан во Прилеп.

И Гоце Матески реагира на високите казни и несоодветниот однос на инспекторите кон дуќанџиите.

„Казните да содејствуваат со дејноста што се врши, ние сме микро-стопанственици. Микро-стопанственик не може да издржи казна од неколку илјади евра, казните достигнуваат до 6.000 евра за микро-стопанственик. Тоа е фамилијарен бизнис“, вели Матески.
Не можеме да поднесеме да имаме голем притисок од инспекциските служби. Исто така имаме превисоки казнени мерки и ние имаме барање до Владата, да се намалат тие казни. Поради лошата економска моќ ние не можеме да опстанеме, а не и да ги платиме нивните превисоки казни.
Влатко Ристески, здружение на прилепските дуќанџии.

Прилепските дуќанџии се организираа во здружение. Сега тие бараат смена на законската регулатива, но и пофлексибилен однос на инспекторите при надзорите. Очекуваат дека во најкус рок ќе бидат прифатени нивните забелешки.
Александар Цветкоски,
Александар Цветкоски,

„Не можеме да поднесеме да имаме голем притисок од инспекциските служби. Исто така имаме превисоки казнени мерки и ние имаме барање до Владата, да се намалат тие казни. Поради лошата економска моќ ние не можеме да опстанеме, а не и да ги платиме нивните превисоки казни“, вели Влатко Ристески, претседател на здружението, што секојдневно добива нови членови од стопанственици од сите краеви на Македонија.

Невладината организација АГТИС, уште минатата година спроведе анкета со бизнис ресорот, на која што, тие го покажаа стравот од инспекциските надзори. Корупцијата на инспекторите е едно од анкетните прашања.
Дали има корупција кај инспекторите, тие јасно одговорија дека нема корупција. Последните 10, 12, 13 години скоро и да нема корупција. Но, од друга страна, кога ги прашавме дали повеќе би оделе на тоа да ги исполнат законските стандарди, минималните технички услови за работа или би оделе на тоа да го подмитат инспекторот за да не бидат казнети, тие велат дека во секој случај би било добро да се подмити инспекторот, а како да се подмити инспекторот, ако не зема мито?
Александар Цветкоски, претседател на АГТИС.

„Дали има корупција кај инспекторите, тие јасно одговорија дека нема корупција. Последните 10, 12, 13 години скоро и да нема корупција. Но, од друга страна, кога ги прашавме дали повеќе би оделе на тоа да ги исполнат законските стандарди, минималните технички услови за работа или би оделе на тоа да го подмитат инспекторот за да не бидат казнети, тие велат дека во секој случај би било добро да се подмити инспекторот, а како да се подмити инспекторот, ако не зема мито?“, вели Александар Цветкоски, претседател на „АГТИС“.

Оваа невладина организација организира бројни трибини за едукација на стопанствениците за нивните права, но и обврски.

„Инспекцискиот надзор треба да ја спроведува својата основна функција, надлежностите кои што ги има, меѓутоа треба да знаеме дека како стопанственици имаме обврски кои навистина треба да се исполнуваат. Се влегува во бизнис, се ризикува дури и повеќе од што дозволено за еден реален економски свет, да се влезе во бизнис без претходно да се направи анализа“, вели Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на Македонија.

Експертите забележуваат дека актуелната регулатива која ги дефинира надлежностите на Државниот пазарен инспекторат има многу пропусти.

„Овој закон сметам дека е дефектен, дека е унакажен, бидејќи има доста измени од оној донесен во 2007 година“, вели професор д-р Предраг Трпевски од Правниот факултет од Скопје.

Сè на сè, за подобрување на бизнис климата во Македонија, за создавање на поволни услови за свежи домашни и странски инвестиции, неопходна е поголема флексибилност на инспекциските органи, измени на регулативите, но и поголема одговорност на бизнис ресорот. Невладината АГТИС наскоро ќе издаде и прирачник со сите законски регулативи и толкувања, кои ќе им бидат од корист на стопанствениците, да си ги знаат своите права пред надлежните инспекции, но и обврските.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG