Достапни линкови

Казни за прекршоци или арач?


Илустрација.
Илустрација.

Казни за сообраќајни прекршоци повисоки од просечна плата - начин за дисциплинирање на граѓаните или за полнење на буџетот.

Собраниската расправа за измените на Законот за прекршоци поднесен од опозициските пратеници повторно во фокусот на јавноста го стави проблемот за казните и за стандардот. Во врска со висината на пропишаните глоби граѓаните посочуваат дека казните се европски, а стандардот македонски.
Таа казна што е 300 евра кај нас за поминување на црвено и во Германија мислам дека е толку, а тие земаат плата по неколку илјади евра, а кај нас казната не може да се покрие со просечна казна.
Анкетиран граѓанин.

„Таа казна што е 300 евра кај нас за поминување на црвено и во Германија мислам дека е толку, а тие земаат плата по неколку илјади евра, а кај нас казната не може да се покрие со просечна казна.“

„Човекот еднаш кога ќе се изгори, сега особено во овие кризни финансиски времиња кои ги претрпуваме сите, другпат нема да направи таква грешка, сепак казната е казна.“

„За овој народ со овие примања, нека биде и минимално ќе му биде доволно како опомена.“
Од една страна се полни буџетот, тоа е факт, но од друга страна мора да се води сметка за стандардот и за финансиските и материјалните можности на нашите граѓани за исплата на казните. Казната треба да биде соодветна на одговорноста, но треба да биде соодветна и на материјалните услови и приликите во нашата земја.
Осман Кадриу, универзитетски професор.

Иако недостига анализа дали постојните глоби придонеле за намалување на прекршоците, може да се каже дека приказната се менува, но и натаму останува впечатокот за селективна примена.

„Гледам дека се пропуштаат пешаци, не се поминува веќе ни на жолто како порано, еве и по мене гледам, порано сум поминувал и на црвено, а сега се плашиш да поминеш на црвено.“

„Сега веќе има толку многу катни гаражи, таму каде што живееш, ние имаме потреба некогаш и гости да дојдат и што е најтрагично и гостите треба да плаќаат паркинг што не е во ред.“

Предлогот на опозициските пратеници предвидува двојно да се намалат прекршоците - наместо од 50 до 5.000 евра да изнесуваат од 25 до 2.500 евра. Според СДСМ, мерката која ја предлагаат ќе им помогне на граѓаните и стопанствениците да преживеат во време на економска криза, како и да се спречи злоупотреба на глобите од која било власт или орган.

Според пратениците од владејачкото мнозинство, пак, токму високите глоби се најсоодветен начин за дисциплинирање на граѓаните.

Од тие причини, експертите одлучија да разјаснат дали во врска со висината на пропишаните глоби е испуштено да се каже дека првото дејство е превентивно или во суштина на тој начин само се полни буџетот.

„Од една страна се полни буџетот, тоа е факт, но од друга страна мора да се води сметка за стандардот и за финансиските и материјалните можности на нашите граѓани за исплата на казните. Казната треба да биде соодветна на одговорноста, но треба да биде соодветна и на материјалните услови и приликите во нашата земја“, наведува професор Осман Кадриу.

Ако го прифатиме предлогот нивото драстично да се спушти, тоа ќе биде како да ги повикуваме граѓаните, повелете правете прекршоци, казните се мали, рекоа пратениците од владејачкото мнозинство.

Според опозициските пратеници, пак, во последните години стопанствениците, почнувајќи од дуќанџиите, стравуваат од казни, а инспекциите ја напуштиле превентивната улога и сега се органи на гола репресија, со глобите власта ги затвора бизнисите и ги користи за пресметка со фирмите во Македонија.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG