На улица се мрзнеме за да заработиме за леб и немаме пари за казни, коментираат дел од невработените во врска со најавите за построги контроли и глоби за нерегулиран работен однос. Еден од уличните продавачи, кој инсистира на анонимност, вели дека со социјалната помош не се живее:
РСЕ: Вие сте невработен?
„Не не сум, под биро сум, но со 4.000 за 4 члена, што можеш да купиш.“
РСЕ: Што мислите за казните?
„Казните? Нека не турат поарно во затвор ќе не негуваат и ќе ни даваат нешто да јадеме овака ни јадење ни ништо немаме, премногу лошо.“
Министерството за труд и социјална работа најави контроли и казни до 7.000 евра за работодавачите кои нема да ги пријават своите вработени. Дивите продавачи, кои самоиницијативно работат без регулиран работен однос, исто така се подложни на казни. Зад микрофон
се жалат дека не им е јасно дали новонајавените глоби, износи кои се доволни за да се купи нов мал автомобил, ќе важат и за нив.
Од организациите на работодавачи засега се недостапни за коментар.
Правниот експерт Драге Јовановски вели дека веќе се покажало дека со казните не се постигнале задоволителни резултати
„Ако земеме од носењето на овој закон во 2005 и 2004-та тие се зголемени да не речам 10 пати а резултати нема, значи не е проблемот во казните.“
Не можеме да бидеме спартанска држава, вели Јовановски
„Само во Спарта граѓаните биле вака казнувани, односно работодавачите и работниците, затоа треба да се преземат други мерки, мерки на социјален дијалог, она што на Запад се применува, значи инспекторот треба да биде секој ден во фирмата и тој треба да има податоци за фирмата, значи треба да си воведат евиденција.“
Според податоците на Министерството за труд и социјална политика, во 2011 година биле изречени 609 барања за прекршочни постапки а во фирмите биле затекнати 993 непријавени работници. Според најавите на Министерството, се чини дека оние кои работат на црно во некоја фирма ќе можат да куртулат од високи казни, кои сега би се префрлиле на терет на работодавачите.
Нека не турат поарно во затвор ќе не негуваат и ќе ни даваат нешто да јадеме овака ни јадење ни ништо немаме, премногу лошо.Уличен продавач.
РСЕ: Вие сте невработен?
„Не не сум, под биро сум, но со 4.000 за 4 члена, што можеш да купиш.“
РСЕ: Што мислите за казните?
„Казните? Нека не турат поарно во затвор ќе не негуваат и ќе ни даваат нешто да јадеме овака ни јадење ни ништо немаме, премногу лошо.“
Министерството за труд и социјална работа најави контроли и казни до 7.000 евра за работодавачите кои нема да ги пријават своите вработени. Дивите продавачи, кои самоиницијативно работат без регулиран работен однос, исто така се подложни на казни. Зад микрофон
Ако земеме од носењето на овој закон во 2005 и 2004-та тие се зголемени да не речам 10 пати а резултати нема, значи не е проблемот во казните.Драге Јовановски, правен експерт.