Широк Сокак останува најатрактивна локација за изнајмување, купување и градење деловни и станбени објекти во Битола. Највисока цена држат пошироките дуќани на првиот кат од објектите на главната улица во кои претежно се отворени кафулиња и ресторани. Месечниот наем за нив се движи од 2.000 до 3.500 евра, иако понекогаш ни квадратурата не е одлучувачка. Се раскажува дека за дуќан четири години однапред била платена кирија од 150.000 евра.
„Дефинитивно станува збор за европски цени надвор од секакви стандарди. 30 квадрати на ќош во Виена можат да се најдат поевтино отколку 30 квадрати на Широк Сокак. Државната цена што ја става Претпријатието за стопанисување со станбен и деловен простор, 25 евра од квадрат за изнајмување, приватните сопственици отидоа чекор понапред, велат ова е дуќанот, ако ти одговара кирија 1.500, 2.000 евра, ако не пријатно. Таа цена кога ќе се подели со квадратурата никогаш не е онаа џентлеменска, преќутна цена од 25 евра. Со Шанзелизе во Париз дефинитивно има споредба“, вели Мичо Симоновски, сопственик на пицерија на Широк Сокак.
Продажната цена е уште повисока. Дуќан од 400 квадрати неодамна се продал за еден милион евра. Цената, пак, за квадратен метар станбена површина изнесува од 700 до 750 евра. Вртоглави цени постигнува и градежното земјиште, токму поради тоа што во поширокото централното подрачје речиси и го нема. Градежните фирми купуваат стари куќи, ги туркаат до темел и на тој начин обебзедуваат парцели за градба. Квадратен метар неизградено земјиште чини десет пати повеќе отколку на периферијата од градот.
„Во просек, цената на метар квадратен градежно земјиште во центарот на Битола е од 150 до 200 евра. За споредба, во подалечните населби има слободни парцели со цена 30 до 50 евра од квадрат. Во метрополите луѓето сакаат да живеат во пооддалечените населби за да имаат мир, кај нас сите го бараат центарот“, вели Миле Јосифовски од Агенцијата за недвижности.
Во последно време, атрактивни за градба се и локациите крај патот кој води од Битола за Пелистер. Тука, некогашните земјоделски ниви се продаваат за изградба на угостителски објекти. Местото се смета за еколошко и цената на парцелите е 20 евра од квадрат. Најнеатрактивно е земјиштето на патот за грчка граница. Таму одвај и се продава по некоја приватна нива откако индустриската зона Жабени, која е во близина, ги продава парцелите по едно евро за квадратен метар.
30 квадрати на ќош во Виена можат да се најдат поевтино отколку 30 квадрати на Широк Сокак. [...] Приватните сопственици отидоа чекор понапред, велат ова е дуќанот, ако ти одговара кирија 1.500, 2.000 евра, ако не пријатно.[...]Со Шанзелизе во Париз дефинитивно има споредба.Мичо Симоновски, сопственик на пицерија на Широк Сокак.