Се работи за еден од објектите со најраскошен екстериер на Широк Сокак, изграден од Абдул Керим-паша во 1911 година, место каде во минатото се одржувале битолските балови. Но, наместо пообени реконструкции, се водат обемни политички кавги за објектот. Советникот од СДСМ, Борис Чоревски обвини дека општината се зафати да реконструира покрив кој бил поправен за време на претходната власт.
„Прво ќе почнел да се реновира од покривот. Дали е тоа вистина и што треба да се реновира таму зашто реновирањето што го започна Светската банка од покривот, фасадите и тектонското односно бетонско инјектирање од штетите што беа предизвикани од земјотресот, тие сите работи се направени“, вели Чоревски.
Градоначалникот Владимир Талески со контра-прашање: Каде се потрошени парите зашто многу малку е направено за заштита на Домот.
„Кога влеговме внатре беше запрепастувачки уништен и интересен е податокот дека биле доделени средства од Светска банка преку, претпоставувам, Министерството за култура. И многу е интересно каде се тие средства? Точно е дека таму имаше зајакнување на делот од габаритот со нови носачи, но имаше и потполно уништена електрична енергија,дограмата 70 до 80 отсто уништена, руинирани скоро сите ѕидови од внатрешната страна. При дождови целата влага одела во темелите на објектот.“
Талевски тврди дека тие го санирале покривот.
„При првата констатација наша, по првиот дожд е дека покровната конструкција попушта и таа е веќе санирана, а одиме дел по дел да ги санираме и другите делови на АРМ. И ме чуди ако имало ваква можност зошто тоа не било направено.“
Градоначалникот вели, бидејќи се работи за значаен историски објект, ќе се потрудат да пронајдат пари за негова реконструкција, иако државата не му го пренела во трајно владение, туку на времено користење од 22 години.
Прво ќе почнел да се реновира од покривот. Дали е тоа вистина и што треба да се реновира таму зашто реновирањето што го започна Светската банка од покривот, фасадите и тектонското односно бетонско инјектирање од штетите што беа предизвикани од земјотресот, тие сите работи се
направени.
„Прво ќе почнел да се реновира од покривот. Дали е тоа вистина и што треба да се реновира таму зашто реновирањето што го започна Светската банка од покривот, фасадите и тектонското односно бетонско инјектирање од штетите што беа предизвикани од земјотресот, тие сите работи се направени“, вели Чоревски.
Градоначалникот Владимир Талески со контра-прашање: Каде се потрошени парите зашто многу малку е направено за заштита на Домот.
„Кога влеговме внатре беше запрепастувачки уништен и интересен е податокот дека биле доделени средства од Светска банка преку, претпоставувам, Министерството за култура. И многу е интересно каде се тие средства? Точно е дека таму имаше зајакнување на делот од габаритот со нови носачи, но имаше и потполно уништена електрична енергија,
Кога влеговме внатре беше запрепастувачки уништен и интересен е податокот дека биле доделени средства од Светска банка преку, претпоставувам, Министерството за култура. И многу е интересно каде се тие средства?