Достапни линкови

Сајбер криминалот во Македонија во зародиш


Министерството за Внатрешни работи има доста добра екипа која се бори против компјутерскиот криминал, велат интернет консултантите.

Сајбер криминалот во Македонија не е во напредна фаза, но сепак претставува реална закана, се согласуваат упатените. Во последно време видно се зачестија информациите за злоупотреби на платежни картички. Универзитетскиот професор Владимир Пивоваров вели дека ваквата форма на криминал во земјава е во зародиш имајки предвид дека неодамна слушнавме за македонски државјанин кој бил вклучен во ваков криминал во странство.
Не само по приватните лица, не само по компаниите, значи сите оние кои што работат со електронски пари, туку и по државните институции каде што имаме буџети. Таквите „провеани“ криминалци од делот на компјутериката можат да влезат и да извадат големи количества на пари.
Владимир Пивоваров, универзитетски професор.

„Значи овдека имате повеќе делови: оние кои на автоматот ги земаат податоците па втора групација која треба да ги изработи картичките па трета групација која треба да ги извади парите и четврта групација која треба да ги испере тие пари ако се работи за поголеми количини“ вели професорот.

Toj додава:

„Кај нас во Македонија, од она што го имаме како информација објавена од МВР, нападнат е пред се`приватниот сектор.“

Заканите од сајбер криминалот се многу големи, дополнува Пивоваров.
Значи не се обидува да шири паника, делува навремено, делува брзо, секако во рамките на нивните можности и ограничувања. Многу често интернет криминалот се случува во многу различни сфери, на многу различни континенти, преку различни сервери и преку различни луѓе. Тие самите по себе се ограничени да делуваат комплетно. Колку што сум јас запознаен, тие делуваат добро.
Дарко Булдиовски, интернет консултантот.

„Не само по приватните лица, не само по компаниите, значи сите оние кои што работат со електронски пари, туку и по државните институции каде што имаме буџети. Таквите „провеани“ криминалци од делот на компјутериката можат да влезат и да извадат големи количества на пари“.

Професорот предвидува дека оваа форма на криминалитет ќе биде многу актуелна во иднина:

„И многу потешки последици ќе носи по општеството во однос на останатите форми на криминалитет“.

Министерството за Внатрешни работи има доста добра екипа која се бори против компјутерскиот криминал, вели интернет консултантот Дарко Булдиовски.

„Значи не се обидува да шири паника, делува навремено, делува брзо, секако во рамките на нивните можности и ограничувања. Многу често интернет криминалот се случува во многу различни сфери, на многу различни континенти, преку различни сервери и преку различни луѓе. Тие самите по себе се ограничени да делуваат комплетно. Колку што сум јас запознаен, тие делуваат добро“.

Инаку, во Хрватска деновиве беше уапсен Македонец кој наводно крадел пари со лажни магнетни картички. Кај него биле пронајдени уреди за снимање на магнетни записи, т.н. Скимери.
XS
SM
MD
LG