Предложените измени во законот за следење на комуникациите дадени на сегашниот начин значат само потенцијален ризик да се зголеми стравот и да страдаат слободите и правата на граѓаните, велат експертите.
Ваквите стравувања потекнуваат од голем број елементи во предложената драфт верзија на законот, на што реагираше и опозицијата. Тргнувајќи од основната идеја која потекнува од барањето на ЕК да се намали улогата на министерот за внатрешни работи во целата постапка, за голем број од нив не постојат надежи дека законот се подобрува туку дека тој ја зајакнува позицијата на извршната власт. Она што се толкува како посебна закана по човековите права и слободи е зголемениот опсег во начините на следење како и зголемениот број на институциите кои ќе бидат овластени да го прават тоа.
Според новиот закон, во оваа низа се додадени и јавниот обвинител, финансиската полиција и царината, а се предвидува и новина која значи следење и на комуникациите преку интернет. На сето ова експертите ја додаваат и контролата, која, според нив, ослабува во делот на поднесувањето на барањата за следење.
„Што ви зборува на вас, спуштањето на хиерархиското ниво во врска со барањето? Министерот веќе нема да се занимава со такви глупости, да бара следење или посебни истражни мерки, може било кој тоа да го побара“, вели аналитичарот Суад Мисини.
Од владејачката партија не гледаат можност со овој закон да се загрозат дополнително човековите права бидејќи, како што велат, која и да институција надлежна за следење на комуникациите тоа ќе мора да го направи по проценка на судот.
„Ние знаеме дека нема случај кадешто истражен судија не потпишал спроведување посебни истражи мерки на барање на министер за внатрешни работи“, додава Мисини.
Досегашните предупредувања за слабата контрола и гаранции за спроведувањата на целата постапка и чувањето на информациите сега ги продлабочуваат штетите , посочуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
„Значи не постојат гаранции за тоа дека некој контролира како се спроведува таа постапка, како доаѓа до тоа да се даде дозвола и како понатаму се чуваат тие информации до кои органот на прогон дошол во следењето на комуникации. Сега уште повеќе се проширува тој дијапазон“, посочува Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.
Засега образложенијата на власта во однос на предложените измени се движат од тоа дека законот се уште е во својата почетна фаза до тоа дека тој ги исправа забелешките од ЕК во однос на неговата содржина. Оној дел што недостасува во него е пренесен во Кривичниот законик, велат од владејачката партија.
Експерти од ЕК ќе го разгледуваат законот во средината на јуни кога ќе се слушнат и првите мислења околу тоа.
Што ви зборува на вас, спуштањето на хиерархиското ниво во врска со барањето? Министерот веќе нема да се занимава со такви глупости, да бара следење или посебни истражни мерки, може било кој тоа да го побара.Суад Мисини, политички аналитичар.
Ваквите стравувања потекнуваат од голем број елементи во предложената драфт верзија на законот, на што реагираше и опозицијата. Тргнувајќи од основната идеја која потекнува од барањето на ЕК да се намали улогата на министерот за внатрешни работи во целата постапка, за голем број од нив не постојат надежи дека законот се подобрува туку дека тој ја зајакнува позицијата на извршната власт. Она што се толкува како посебна закана по човековите права и слободи е зголемениот опсег во начините на следење како и зголемениот број на институциите кои ќе бидат овластени да го прават тоа.
Значи не постојат гаранции за тоа дека некој контролира како се спроведува таа постапка, како доаѓа до тоа да се даде дозвола и како понатаму се чуваат тие информации до кои органот на прогон дошол во следењето на комуникации. Сега уште повеќе се проширува тој дијапазон.Уранија Пировска, Хелсиншки комитет.