Стечајните работници, технолошки и економски вишок, членови на Здружението УНИТ од Куманово, летото на високите температури, како и зиме на ниските, секојдневно се собираат во една мала просторија на зградата на поранешниот Комитет во Куманово. Со тоа потврдуваат дека не се откажуваат од нивната егзистенцијална борба.
Секој понеделник одржуваат состаноци, разменуваат информации, идеи и се договараат што понатаму. Поради сериозно нарушеното здравје, без пари за лекување и за основните животни потреби голем број од нив се исцрпени, не мал број од нив починаа, неколкумина за среќа остварија и право на пензија.
Претседателката Љиљана Ѓорѓиевска вели дека според последната евиденција бројот на сегашните членови е 900. И таа бројка не е мала, зашто толку семејства како што вели таа, без своја вина се оставени без парче леб. Иако на овие горештини не организираат протести, Ѓорѓиевска сака да ги потсети надлежните и вели:
„Ние не можеме да се откажеме од барањата, затоа што тешкиот живот не тера да се бориме и да ја намалиме бедата.“
Локалната самоуправа од 1 јуни годинава им ги плаќа сметките за комуналните давачки, за среќа ретроактивно од март.
„До 2013-та година сигурно сметките ќе ги подмирува локалната самоуправа, а потоа зависи од буџетот на општината. Во меѓувреме паузираме, но на есен ќе поднесеме предлог закон. Не се откажуваме. Владата не не есапи во своите планови и проекти. Нам ни треба или работа или обесштетување за постари членови“, вели Ѓорѓиевска упатувајќи критики кон државата и додава:
„Еве како на социјалците што им дава земјиште, а тие немаат пари во џебот да отидат до нива, а не да земат државна нива да работат. Се потешко и потешко е. А и ние поради болестите и високите температури паузираме. Со заладување од септември ќе биде поднесен и предлог законот. Нема да се откажеме, ќе се зачестат протести. Сега е ризично да се излезе на улица, но луѓето се револтирани од извршителите, зашто има случаи во Прилеп, Штип, Велес, Кочани каде што се запленува имот на стечајните работници.“
Дел од стечајците запрашани како преживуваат:
„По канти собирам леб, чекам од државата да ме вработи. Оваа држава не мисли многу за овие стечајни работници кои не по своја вина се исклучени од работа, но таков е системот.“
„Немаме никакви примања, пет члена живееме од тоа што мојот сопруг вози такси. Знам дека никој не може да ми плати ниту струја, ниту вода, како порано, кога работевме самите ги плаќавме.“
Стечајците раскажуваат дека и за хигиеничари во државните објетки примаат по партиска или роднинска линија.
„Има стечајки кои чистат влезови. И до сега што чистеа, сега нив ги бркаат, па принудени се да чекаат на некоја докторка или судијка да исчистат, но тоа е се еднократно.“
Ѓорѓиевска раскажува дека во нивното патешествие не се исклучени ниту судските процеси во кои против нив се поднесени кривични пријави.
„Судиите се смеат, зашто не тужат за тоа што сме кревале врева на протестите па сме ги вознемирувале државните службеници, затоа што сме фрлале со јајца, или сме немале редарска служба...“
Но додава дека мораат сето тоа да го истрпат, зашто друг избор немаат, а и веќе нема што да изгубат.
Се потешко и потешко е. А и ние поради болестите и високите температури паузираме. Со заладување од септември ќе биде поднесен и предлог законот. Нема да се откажеме, ќе се зачестат протести. Сега е ризично да се излезе на улица, но луѓето се револтирани од извршителите, зашто има случаи во Прилеп, Штип, Велес, Кочани каде што се запленува имот на стечајните работници.Љиљана Ѓорѓиевска, здружение на стечајци УНИТ од Куманово.
Секој понеделник одржуваат состаноци, разменуваат информации, идеи и се договараат што понатаму. Поради сериозно нарушеното здравје, без пари за лекување и за основните животни потреби голем број од нив се исцрпени, не мал број од нив починаа, неколкумина за среќа остварија и право на пензија.
Претседателката Љиљана Ѓорѓиевска вели дека според последната евиденција бројот на сегашните членови е 900. И таа бројка не е мала, зашто толку семејства како што вели таа, без своја вина се оставени без парче леб. Иако на овие горештини не организираат протести, Ѓорѓиевска сака да ги потсети надлежните и вели:
„Ние не можеме да се откажеме од барањата, затоа што тешкиот живот не тера да се бориме и да ја намалиме бедата.“
Локалната самоуправа од 1 јуни годинава им ги плаќа сметките за комуналните давачки, за среќа ретроактивно од март.
По канти собирам леб, чекам од државата да ме вработи. Оваа држава не мисли многу за овие стечајни работници кои не по своја вина се исклучени од работа, но таков е системот.Анкетиран стечаец.
„До 2013-та година сигурно сметките ќе ги подмирува локалната самоуправа, а потоа зависи од буџетот на општината. Во меѓувреме паузираме, но на есен ќе поднесеме предлог закон. Не се откажуваме. Владата не не есапи во своите планови и проекти. Нам ни треба или работа или обесштетување за постари членови“, вели Ѓорѓиевска упатувајќи критики кон државата и додава:
Има стечајки кои чистат влезови. И до сега што чистеа, сега нив ги бркаат, па принудени се да чекаат на некоја докторка или судијка да исчистат, но тоа е се еднократно.Анкетиран стечаец.