Институциите сè уште имаат големи проблеми со рационалноста при трошењето на народните пари за јавни набавки, велат упатените. Според резултатите од последниот мониторинг на јавните набавки и индексот на рационалност кој го спроведе Центарот за граѓански комуникации, дел од државните институции во текот на годинава трошеле двојно повеќе пари за набавка на одредени материјали и опрема. Програмскиот директор на центарот, Сабина Факиќ, вели дека податоците покажале големи разлики за купување на исти производи.
„Иако морам да објаснам дека институциите за сите овие постапки за јавни набавки објавувале огласи, што значи дека тие се спроведувале транспарентно и во најголем дел од нив како критериум за избор била користена најниската цена, но овие разлики во цените кои се јавуваат произлегува дека всушност говорат за некакви проблеми можеби во лошо изработени тендерски документации и спецификации кои не ја стимулирале туку ја дестимулирале конкуренцијата меѓу фирмите и навистина не овозможиле за потрошените пари да се добие најдобрата вредност.“
Хартија за фотокопирање се купувала по цени кои се движат од 156 до 293 денари за еден топ, а за индустриска сол во некои институции се плаќало двојно повеќе. Мониторингот покажува разлики во цените и за масло за горење, клима уреди и завои. Факиќ вели дека Бирото за јавни набавки треба да се загрижи за ваквите наоди.
„Се јавуваат огромни разлики и секако дека е неопходно некој да даде некакви препораки и да интервенира, а во одредени случаи дури, според нас, некои надлежни институции можеби и да направат некакви истраги и да дојдат евентуално и до сознанија за свесно склучување на штетни договори што би иницирало и некакви други мерки и санкции за институциите.“
Преку јавните набавки се обезбедуваат основните потреби за граѓаните, вели Слаѓана Тасева од Транспаренси Македонија.
„Но, за тоа се користат средства од граѓаните, тоа се јавни пари, сè она што се собира преку давачки, преку даноци и затоа е неопходно оние кои што ги трошат парите да се однесуваат и одговорно и да даваат отчет за тоа што го прават пред граѓаните за тоа како ги трошат нивните пари.“
Центарот за граѓански комуникации во своето соопштение забележува дека во споредба со минатата година се забележуваат минимални позитивни поместувања во набавката на хартија, индустриска сол и климатизери.
Се јавуваат огромни разлики и секако дека е неопходно некој да даде некакви препораки и да интервенира, а во одредени случаи дури, според нас, некои надлежни институции можеби и да направат некакви истраги и да дојдат евентуално и до сознанија за свесно склучување на штетни договори што би иницирало и некакви други мерки и санкции за институциите.Сабина Факиќ, Центар за граѓански комуникации.