Мала конкуренција во повеќе од половина од тендерите во земјава, 444 поништени тендери во третиот квартал минатата година и речиси 30 милиони евра потрошени по преговарање, без распишување на тендер. Ова се дел од резултатите од мониторингот на јавните набавки кои го спроведе Центарот за граѓански комуникации. Значењето на јавните набавки произлегува од два главни фактори, вели програмскиот директор на Центарот Сабина Факиќ:
„Првиот е дека преку нив годишно се трошат над 700 милиони евра, што секако е значајна сума на пари и нивното ефикасно и рационално трошење се разбира е многу значајно за Република Македонија и за квалитетот на живеењето на граѓаните. Од друга страна исто така правилното спроведување на процедурите за јавни набавки е значајно и за бизнис секторот и би можеле да кажеме дека пазарот на јавните набавки е огледало на една поширока економска состојба во земјата.“
Факиќ вели дека по забелешките на Центарот се забележува дека надлежните посветуваат внимание на одредени елементи од процесот на јавните набавки, но додава дека се уште постојат проблеми.
„Тоа особено што ние сметаме дека во насока на подобрување на постапките на јавните набавки треба да се воведат и одредени санкции за институциите на локално и на национално ниво. Досега Министерството за финасии и Бирото за јавни набавки не покажаа слух да преземат, да речеме еве и со последните законски измени, некои промени во таа насока за да го засилат малку и притисокот и на државните институции, не само на фирмите за да процедурите се одвиваат така како што треба“, вели Факиќ.
Од една страна, според податоците на организацијата се забележува дека во споредба со 2010 година, намалена е вредноста на склучените договори со преговарање, без објавен оглас за 8.5 проценти. Самата вредност, од друга страна, е рекордно висока во изминативе три години. Првиот човек на „Транспаренси Македонија“ Слаѓана Тасева објаснува зошто ваквите договори се проблематични:
„Штом има можност да се договара директно, непосредна спогодба во четири очи, апсолутно постои можност да се усогласат нечии интереси за да некој полесно стигне до тендерот и дека постои можност за корупција. Затоа овие договори треба да се употребуваат во исклучителни случаи и треба да се користат само тогаш кога нема друг набавувач или добавувач којшто може да ја обезбеди истата услуга.“
Во извештајот на Центарот за граѓански комуникации дополнително се забележува дека 35 проценти од надгледуваните постапки за јавни набавки во третиот квартал во 2011 година се со една или ниту една понуда од фирмите. Понатаму, организацијата забележува дека во овој период над 26 проценти од тендерите се поништени - аукцијата е користена во помалку од половина од постапките, што е помалку од законски предвиденото и дел од институциите не го почитуваат законските рокови за донесување одлука за склучување договор.
Годишно се трошат над 700 милиони евра, што секако е значајна сума на пари и нивното ефикасно и рационално трошење се разбира е многу значајно за Република Македонија и за квалитетот на живеењето на граѓаните. Од друга страна исто така правилното спроведување на процедурите за јавни набавки е значајно и за бизнис секторот.Сабина Факиќ, Центар за граѓански комуникации.
„Првиот е дека преку нив годишно се трошат над 700 милиони евра, што секако е значајна сума на пари и нивното ефикасно и рационално трошење се разбира е многу значајно за Република Македонија и за квалитетот на живеењето на граѓаните. Од друга страна исто така правилното спроведување на процедурите за јавни набавки е значајно и за бизнис секторот и би можеле да кажеме дека пазарот на јавните набавки е огледало на една поширока економска состојба во земјата.“
Факиќ вели дека по забелешките на Центарот се забележува дека надлежните посветуваат внимание на одредени елементи од процесот на јавните набавки, но додава дека се уште постојат проблеми.
Штом има можност да се договара директно, непосредна спогодба во четири очи, апсолутно постои можност да се усогласат нечии интереси за да некој полесно стигне до тендерот и дека постои можност за корупција.Слаѓана Тасева, „Транспаренси Македонија“.