Големиот процент на поништени тендерии, договори во четири очи и високите критериуми за конкурирање се најболните точки во процесот на јавни набавки, велат упатените. Со тоа се создава нелојална конкуренција и се фаворизираат одредени компании, кои не го нудат најдобриот квалитет со најниска цена, вели Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации. Потребно е Бирото за јавни набавки да спроведува посериозна контрола и во законот мора да се воведат прекршочни санкции, посочува таа.
„За сите оние институции кои доследно го почитуваат Законот за јавни набавки, бидејќи законот не дозволува поставување на несоодветно високи критериуми за квалификација на фирмите, но институциите тоа го прават. Од друга страна, законот секако дека не дозволува злоупотреба на можноста на поништување на постапките, но институциите тоа го прават, бидејќи нема санкции, нема некој што ги контролира за да ги намали можностите за злоупотреби на јавните набавки“, вели Факиќ.
Поранешниот антикурпоционер Ариф Муса вели дека проблем се и самите компании кои со мито се обидуваат да го добијат тендерот.
„Фирмите што конкурираат на тендери и тие се подложни на ова коруптивно дејствие. Значи даваат мито за да дојдат до информации и за да можат на некаков начин да ја добијат работата, а да не ја извршуваат услугата и работата така како што е предвидена со закон“, вели Муса.
Факиќ смета дека сегашниот систем, како што е поставен, единствено им дозволува на незадоволните компании да ги обжалат постапките и тогаш да одат на второстепената државна комисија за жалби по јавни набавки. Според неа, кај власта нема желба за поголема контрола.
„Во текот на самиот процес на постапката не постои еден орган кој врши одреден надзор и ги санкционира оние кои прават злоупотреби и доследно го почитуваат законот. Не постои расположение за некои зголемени ингеренции на Бирото, ниту за спроведување на такви санкции“, вели Факиќ.
Според Муса, пак, законот е прецизен за правилата на игра, но тој не се спроведува.
„Во комисијата за јавни набавки при некоја институција жалбите до комисијата се гледаат двоаршински. Таму се постапува во зависност од тоа која фирма на која страна тежи повеќе и не секогаш го применува целосно законот“, вели Муса.
Експертите додаваат дека ниту предложените измени и дополнувања на Законот за јавни набавки нема да го подобрат и унапредат процесот.
Законот секако дека не дозволува злоупотреба на можноста на поништување на постапките, но институциите тоа го прават, бидејќи нема санкции, нема некој што ги контролира за да ги намали можностите за злоупотреби на јавните набавки.Сабина Факиќ, Центар за граѓански комуникации.
Поранешниот антикурпоционер Ариф Муса вели дека проблем се и самите компании кои со мито се обидуваат да го добијат тендерот.
„Фирмите што конкурираат на тендери и тие се подложни на ова коруптивно дејствие. Значи даваат мито за да дојдат до информации и за да можат на некаков начин да ја добијат работата, а да не ја извршуваат услугата и работата така како што е предвидена со закон“, вели Муса.
Фирмите што конкурираат на тендери и тие се подложни на ова коруптивно дејствие. Значи даваат мито за да дојдат до информации и за да можат на некаков начин да ја добијат работата.Ариф Муса, поранешен антикорупционер.