Мала почит за професорот кој треба да пушти студент на испит. Донација на приватна сметка за државен службеник кој си ги извршувал задачите согласно работниот опис. По некоја паричка за да се избегнат гужвите пред шалтери и набрзина да се заврши работа. Ова се само неколку примери за корупцијата, која според извештаите на меѓународните организации, се уште претставува проблем во Македонија. Но, дали работите завршуваат овдека? Дали треба да му се подметнат пари во плико на некој службеник за да се заклучи дека корупцијата постои? Што се случува со народните пари, оние кои сите ние ги плаќаме преку даноци, казни и придонеси? Дали сите ние сме жртва на корупција ако некоја институција се расфрла со парите кои се собрани од народот, ако се трошат пари за непотребни луксузи, ако нема соодветна евиденција за трошоците?
Се` повеќето бесплатни линии за пријавување корупција како и декларативните заложби за гонење на корумпираните оставаат впечаток дека борбата против овој општествено неповолен феномен се интензивира. Податоците од невладиниот сектор, од друга страна, даваат поинаква слика. За пример, надгледувања на процесот на јавни набавки покажуваат дека одредени јавни установи се расфрлаат со народните пари. Според податоците на Центарот за Граѓански комуникации, одредени јавни институции плаќале и над 200 проценти повеќе од утврдената просечна цена за одредени производи.
Зошто корупцијата е важна за обичниот човек? Некои би аргументирале дека државата треба да се справува со неодговорноста на нејзините институции, но тука се игнорира моментот дека државата троши пари кои сите ние ги плаќаме. Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека секој граѓанин има уставно право да се интересира како се трошат даноците кои ги плаќа.
„Затоа што тие пари може да бидат употребени, да кажеме да имаат многу пореални ефекти врз образование, одбрана и економија.“
Корупцијата како феномен има влијание на повеќе работи, објаснува Адеми:
„Тоа има директен ефект врз странските директни инвестиции, ако во целата администрација, или да кажеме за било какво вадење на документ за имот, земјиште, значи ако за било каква процедура се бара корупција или мито тогаш странските инвестиции нема да дојдат во Македонија и со тоа нема да се отворат нови работни места.“
Како се трошат народните пари?
Експертите и анти-корупционерите се согласуваат дека корупцијата не е уникатен феномен за Република Македонија, но Адеми забележува дека во земја каде ресурсите се ограничени, народот е позасегнат од овој феномен.
„Во држави каде што ресурсите се лимитирани и каде што има безперспектива мислам дека народот е многу засегнат околу тоа каде одат народните пари.“
Бесплатните телефонски линии, копчињата со смешковци на шалтерите во јавните институции како и лепенките кои ги повикуваат граѓаните да пријават корупција оставаат впечаток дека корумпираните јавни службеници не се пожелни. Сепак, со ваквиот впечаток се чини не се согласуваат меѓународните организации.
Во последниот извештај на Европската комисија се забележува напредок во создавањето, но не и во имплементацијата на анти-корупциските закони. Се забележува и дека транспарентноста во трошењето на јавните пари не е задоволително како и дека Министерството за правсда има инсуфициенти капацитети за надгледување на имплементацијата на анти-корупциските закони. „Корупцијата и понатаму е превалентна во многу области и понатаму претставува сериозен проблем“ пишува во извештајот на ЕК за Македонија објавен лани во Ноември. Дали ќе има забелешки во следниот извештај кој наскоро ќе се објави останува да се види.
Борбата против корупцијата само декларативна
Дали активностите на власта за борба со корупцијата остануваат само на хартија? Поранешниот член на анти-корупциската комисија Драган Малиновски вели дека го дели впечатокот дека борбата против корупцијата во земјава е декларативна.
„Тоа може да го констатираме и од се почестите критики коишто ги добиваме однадвор кои на некој начин мораме да ги прифатиме како објективни бидејќи тие се оцени кои се спроведени врз одредени истражувања спроведени на терен во Македонија, така што фактичката состојба е таа.“
Друг индикатор за декларативната борба против корумпираноста, според Малиновски е се` поголемата политизација на институциите кои се борат против корупција.
„Тука пред се ќе тргнам со главниот чинител кој треба да ја води борбата против корупцијата, а тоа е Државната комисија за борба против корупцијата каде е очигледно дека особено по последниот избор или состав на комисијата имаме тотално исчезнување на нејзината активност и незнам во кој правец повеќе ќе се движи нејзината работа.“
Малиновски претпоставува дека причината за слабата борба против корупцијата лежи во отсуството на вистинска политичка волја.
Од „Змијско око“ до „Пајажина“, јавноста во изминативе неколку години е сведок на апсења во присуство на камери и судски процеси против службеници, политичари и бизнисмени кои наводно биле инволвирани во корупциски скандали. Сето тоа остава впечаток дека борбата против корупцијата не е мртва. Сепак, дел од овие случаи го привлекоа и вниманието на меѓународната заедница, но не на позитивен начин. Најсилни потреси во последно време предизвикаа судењата на сопственик на критички настроен медиум и лидер на опозициска партија. Од тука се поставува прашањето дали борбата против корупцијата се претвора во метод за политички реваншизам? Политикологот Алберт Муслиу вели дека станува збор за стандарден елемент во македонскиот политички фолклор.
„И освен декларативната посветеност за борба против корупцијата не сме имале некои поголеми акции, да стигне борбата против корупцијата во повисоките слоеви на политиката и на институциите.“
Во Македонија нема политичар кој декларативно не се борел против корупцијата, забележува Муслиу:
„Не е тоа „болест“ која ја има само Македонија, тоа го има и во западните земји, но кај нас степенот на одговорност, одговорно однесување, комбинирано со политичката култура е таков да овозможува корупцијата да биде присутна и да се шири.“
Граѓаните не можат да се амнестираат од одговорност кога станува збор за корупцијата, смета Муслиу.
„Секако дека и ние граѓаните сме виновни затоа што корупцијата постои и затоа што се шири, значи има тука влијание и нивото на политичката култура и неподготвеноста на граѓаните барем она што е очигледно, да го казнат.“
Јавни набавки во четири очи
Освен од странство, забелешки за корупција се шират и од невладиниот сектор во Македонија. Центарот за граѓански комуникации неодамна објави резултати од мониторингот на јавните набавки, каде се констатира дека во првиот квартал годинава дупло се зголемила вредноста на договорите во четири очи. Вакви и слични забелешки подржани со факти и бројки неретко се презентираат во етерот, а невладиниот сектор инсистира власта да ги сфати забелешките како препораки. Претседателот на Transparency International Macedonia Слаѓана Тасева вели дека невладините покреваат иницијативи за соработка со власта:
„Во принцип она што се случува е дека тие на некој начин, не на соодветно ниво, не на соодветен начин, формално само да изгледа дека постои некаква соработка, да бидат и присутни на тие активности, но после тоа ништо не се случува, нема суштинска соработка, нема суштински интерес за соработка со невладиниот сектор.“
Не сме задоволни од тоа колку државата е заинтересирана за соработка, вели Тасева:
„Дури напротив нашиот впечаток е дека не е заинтересирана, а дека се сведува на формалност колку да се покаже, еве тука постои некаква соработка, но суштинска соработка не постои.“
Согласно податоците на Државниот завод за статистика, 10.8 проценти од граѓаните во Македонија имале искуство со корупција.
Плаќањето мито, неиздавањето на потврди за плаќање, договорите во четири очи и слични малверзации не се единствената форма на корупција која влијае на граѓаните. За илустрација, еве еден пример. Вработен кој месечно заработува 16.000 денари мора да одвои 2.880 денари од тој приход за државата. Меѓу корисниците на овие пари од придонеси се и јавните институции кои исплаќаат плати, придонеси, плаќаат сметки и вршат набавки. Дел од овие пари, барем судејќи според податоците на Центарот за граѓански комуникации, се трошат ирационално. За пример, јавна здравствена установа во Скопје купила системи за инфузија 200 пати поскапи од просечната утврдена цена на македонскиот пазар. Ова е само еден пример а меѓу останатото вреди да се споменат и растечкиот број на непосредни спогодби, се повеќето поништѕени тендери и дискриминацијата на новоформираните фирми кои од стартт на ги задоволуваат критериумите за аплицирање на тендерски постапки. Сите овие забелешки се наведени во извештаите од невладините организации.
Во што е проблемот? Поранешниот член на антикорупциска Ариф Нуса вели дека Македонија има добри закони за борба против корупцијата.
„Нас не ни недостасуваат закони, туку ни недостасуваат луѓе коишто ќе ги имплементираат, всушност ни недостасува власт која ќе го почитува законот.“
До следната проценка на состојбата со корупцијата во Македонија, останува да се види дали власта ќе ја задржи довербата на народот и дали ќе постапува во согласност со пријавите за корупција.
Се` повеќето бесплатни линии за пријавување корупција како и декларативните заложби за гонење на корумпираните оставаат впечаток дека борбата против овој општествено неповолен феномен се интензивира. Податоците од невладиниот сектор, од друга страна, даваат поинаква слика. За пример, надгледувања на процесот на јавни набавки покажуваат дека одредени јавни установи се расфрлаат со народните пари. Според податоците на Центарот за Граѓански комуникации, одредени јавни институции плаќале и над 200 проценти повеќе од утврдената просечна цена за одредени производи.
Затоа што тие пари може да бидат употребени, да кажеме да имаат многу пореални ефекти врз образование, одбрана и економијаВисар Адеми, економски аналитичар
„Затоа што тие пари може да бидат употребени, да кажеме да имаат многу пореални ефекти врз образование, одбрана и економија.“
Корупцијата како феномен има влијание на повеќе работи, објаснува Адеми:
„Тоа има директен ефект врз странските директни инвестиции, ако во целата администрација, или да кажеме за било какво вадење на документ за имот, земјиште, значи ако за било каква процедура се бара корупција или мито тогаш странските инвестиции нема да дојдат во Македонија и со тоа нема да се отворат нови работни места.“
Како се трошат народните пари?
Експертите и анти-корупционерите се согласуваат дека корупцијата не е уникатен феномен за Република Македонија, но Адеми забележува дека во земја каде ресурсите се ограничени, народот е позасегнат од овој феномен.
„Во држави каде што ресурсите се лимитирани и каде што има безперспектива мислам дека народот е многу засегнат околу тоа каде одат народните пари.“
Бесплатните телефонски линии, копчињата со смешковци на шалтерите во јавните институции како и лепенките кои ги повикуваат граѓаните да пријават корупција оставаат впечаток дека корумпираните јавни службеници не се пожелни. Сепак, со ваквиот впечаток се чини не се согласуваат меѓународните организации.
Во последниот извештај на Европската комисија се забележува напредок во создавањето, но не и во имплементацијата на анти-корупциските закони. Се забележува и дека транспарентноста во трошењето на јавните пари не е задоволително како и дека Министерството за правсда има инсуфициенти капацитети за надгледување на имплементацијата на анти-корупциските закони. „Корупцијата и понатаму е превалентна во многу области и понатаму претставува сериозен проблем“ пишува во извештајот на ЕК за Македонија објавен лани во Ноември. Дали ќе има забелешки во следниот извештај кој наскоро ќе се објави останува да се види.
Борбата против корупцијата само декларативна
Дали активностите на власта за борба со корупцијата остануваат само на хартија? Поранешниот член на анти-корупциската комисија Драган Малиновски вели дека го дели впечатокот дека борбата против корупцијата во земјава е декларативна.
„Тоа може да го констатираме и од се почестите критики коишто ги добиваме однадвор кои на некој начин мораме да ги прифатиме како објективни бидејќи тие се оцени кои се спроведени врз одредени истражувања спроведени на терен во Македонија, така што фактичката состојба е таа.“
Друг индикатор за декларативната борба против корумпираноста, според Малиновски е се` поголемата политизација на институциите кои се борат против корупција.
„Тука пред се ќе тргнам со главниот чинител кој треба да ја води борбата против корупцијата, а тоа е Државната комисија за борба против корупцијата каде е очигледно дека особено по последниот избор или состав на комисијата имаме тотално исчезнување на нејзината активност и незнам во кој правец повеќе ќе се движи нејзината работа.“
Државната комисија за борба против корупцијата каде е очигледно дека особено по последниот избор или состав на комисијата имаме тотално исчезнување на нејзината активност и незнам во кој правец повеќе ќе се движи нејзината работаДраган Малиновски, поранешен член на Државната комисија за борба против корупцијата
Од „Змијско око“ до „Пајажина“, јавноста во изминативе неколку години е сведок на апсења во присуство на камери и судски процеси против службеници, политичари и бизнисмени кои наводно биле инволвирани во корупциски скандали. Сето тоа остава впечаток дека борбата против корупцијата не е мртва. Сепак, дел од овие случаи го привлекоа и вниманието на меѓународната заедница, но не на позитивен начин. Најсилни потреси во последно време предизвикаа судењата на сопственик на критички настроен медиум и лидер на опозициска партија. Од тука се поставува прашањето дали борбата против корупцијата се претвора во метод за политички реваншизам? Политикологот Алберт Муслиу вели дека станува збор за стандарден елемент во македонскиот политички фолклор.
„И освен декларативната посветеност за борба против корупцијата не сме имале некои поголеми акции, да стигне борбата против корупцијата во повисоките слоеви на политиката и на институциите.“
Во Македонија нема политичар кој декларативно не се борел против корупцијата, забележува Муслиу:
„Не е тоа „болест“ која ја има само Македонија, тоа го има и во западните земји, но кај нас степенот на одговорност, одговорно однесување, комбинирано со политичката култура е таков да овозможува корупцијата да биде присутна и да се шири.“
И освен декларативната посветеност за борба против корупцијата не сме имале некои поголеми акции, да стигне борбата против корупцијата во повисоките слоеви на политиката и на институциите.Алберт Муслиу, политички аналитичар.
„Секако дека и ние граѓаните сме виновни затоа што корупцијата постои и затоа што се шири, значи има тука влијание и нивото на политичката култура и неподготвеноста на граѓаните барем она што е очигледно, да го казнат.“
Јавни набавки во четири очи
Освен од странство, забелешки за корупција се шират и од невладиниот сектор во Македонија. Центарот за граѓански комуникации неодамна објави резултати од мониторингот на јавните набавки, каде се констатира дека во првиот квартал годинава дупло се зголемила вредноста на договорите во четири очи. Вакви и слични забелешки подржани со факти и бројки неретко се презентираат во етерот, а невладиниот сектор инсистира власта да ги сфати забелешките како препораки. Претседателот на Transparency International Macedonia Слаѓана Тасева вели дека невладините покреваат иницијативи за соработка со власта:
„Во принцип она што се случува е дека тие на некој начин, не на соодветно ниво, не на соодветен начин, формално само да изгледа дека постои некаква соработка, да бидат и присутни на тие активности, но после тоа ништо не се случува, нема суштинска соработка, нема суштински интерес за соработка со невладиниот сектор.“
Не сме задоволни од тоа колку државата е заинтересирана за соработка, вели Тасева:
„Дури напротив нашиот впечаток е дека не е заинтересирана, а дека се сведува на формалност колку да се покаже, еве тука постои некаква соработка, но суштинска соработка не постои.“
Согласно податоците на Државниот завод за статистика, 10.8 проценти од граѓаните во Македонија имале искуство со корупција.
Нас не ни недостасуваат закони, туку ни недостасуваат луѓе коишто ќе ги имплементираат, всушност ни недостасува власт која ќе го почитува законотАриф Нуса, поранешен член на Државата комисија за борба против корупција