Достапни линкови

ССМ ја штити власта од работниците?


Macedonia -- Prime Minister Nikola Gruevski, where?,01Oct2011
Macedonia -- Prime Minister Nikola Gruevski, where?,01Oct2011

Стравот,а не социјалниот дијалог го чува социјалниот мир во Македонија. Ова е најчестиот одговор на граѓаните, па и не некои аксперти за тврдењето на првиот човек на ССМ дека Синдикатот многу направил за социјалниот мир и правата на работниците. Некои му порачуваат и дека ССМ заличува на времето на комунизмот кога власта ја штитеше од работниците наместо обратно.

Благодарение на социјалниот дијалог и на превентивните активности во време на криза се спречија отпуштања и намалувања на плати, што не е случај во другите земји, вели претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Живко Митревски во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Според него, доколку се направи анализа каква била позицијата на работникот во минатото, а каква е сега и ако се земе предвид донесувањето на минималната плата и тоа што не се дозволило нарушување на пензискиот и платниот систем, тогаш тоа доволно зборува дека социјалната сцена не е таква како што се прикажува.
Бидејќи, ако била таква каква што се прикажува или некој се обидува да ја прикаже, сигурно дека немаше да има ваков социјален мир или ваков еден баланс меѓу интересите на трудот и на капиталот што мислам дека е сепак еден правец што доволно зборува дека сме постигнале одреден успех.
Живко Митревски, претседателот на ССМ.

„Бидејќи, ако била таква каква што се прикажува или некој се обидува да ја прикаже, сигурно дека немаше да има ваков социјален мир или ваков еден баланс меѓу интересите на трудот и на капиталот што мислам дека е сепак еден правец што доволно зборува дека сме постигнале одреден успех.“

Професор Здравко Савески вели дека синдикатот почнал премногу да заличува на улогата која ја имал во комунизмот - да ја штити власта од работниците.

„Факт е дека има социјален мир во Македонија, ама тој социјален мир не е поради тоа што работниците се многу задоволни, туку поради тоа што работниците се премногу уплашени. Едноставно ништо не се случува на социјален план кај нас, ама не се случува не поради задоволство, туку поради страв едноставно. Синдикатите седат премногу пасивно и нормално поради тоа се пасивни и работниците и има илузија на социјален мир.“
Ништо, работи за владата, кратко и јасно, 13 плати ни доцнат и сини картони немам, што да ви кажам. Катастрофа. Да ги земеме текстилните фабрики што работат по 12 часа и земаат по шест-седум илјади плата, тој е задоволен? Само тоа е прикриено затоа што имаат страв луѓето, во моментов имаат страв тоа да го искажат.
Анкетиран граѓанин.

Граѓаните велат дека синдикатот не работи во полза на работникот.

„Ништо, работи за владата, кратко и јасно, 13 плати ни доцнат и сини картони немам, што да ви кажам. Катастрофа. Да ги земеме текстилните фабрики што работат по 12 часа и земаат по шест-седум илјади плата, тој е задоволен? Само тоа е прикриено затоа што имаат страв луѓето, во моментов имаат страв тоа да го искажат.“

„Се е врзано за политиката, така што мислам дека синдикатот мислам дека не игра голема улога, освен ако можеби треба да се популаризираат некои работи во интерес на политиката. Некако мислам дека се снаоѓаме, ние сме снаодлив народ и по сè изгледа со малку се задоволуваме, а социјалниот мир за затоа што им се дава на сите по малку за да биде мирно“, велат анкетираните граѓани.

Митревски признава дека минималната плата не е доволна да ги покрие основните трошоци за живот на еден работник и дека земјата се соочува со сложена економска состојба. Но со мерките кои се предвидени и со новите инвестиции кои се најавуваат ќе се избегне лошата состојба и продлабочувањето на кризата.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG