Големината на сивата економија во последната деценија е намалена, но се уште зафаќа добар дел од целокупната економија во државата, покажало истражувањето на Центарот на економски анализи. Тие во истражувањето на тој проблем ги користеле индиректните методи како методот на потрошувачка на електрична енергија и методот ’Повеќе индикатори, повеќе причини‘.
Истражувањето покажало дека релативната големина на сивата економија во последната деценија е намалена од 35 проценти од БДП-то во 2000 година, до 24 проценти од БДП во 2010-та. Според првиот метод, сивата економија зафаќа 24 проценти од бруто домашниот производ, а според вториот 47 проценти. Во анализата се наведува дека без разлика кој метод да се примени, сивата економија зафаќа голем дел од целокупната економија во државата. Како причини се наведуваат даноците, невработеноста, интензитетот на регулацијата, бирократијата, социјалните трансфери кои ги плаќа државата и итн.
Еден од продавачите на стари книги во Скопје, вели дека сега е дел од таа сива економија, затоа што државата 18 години нема слух за проблемите на стечајците.
„Тие знаат дека јас сум без работа и никаква социјална помош, ниту пари не ми даваат за да им ги дадам пак назад со тоа што ќе ги платам комуналиите. А тие што прават, ова е грабеж на народот.“
Владата досега со низа мерки, како што се намалување на даноците, намалување на придонесите што работодавачите ги даваат за вработените, поедноставуањето на бизнис регулативата, помогнала во таа борба против сивата економија, се наведува во анализата, но како проблем останува бавното функционирање на правниот систем и потребата од подобра и редовна контрола на плаќањето на ДДВ-то кај локалните продавнички, зелените пазари, договорите за изнајмување на имот, сите занаетчиски услуги. Друг проблем се таканаречените работници на црно и сезонските работници, кои работат, но не пријавуваат данок, а сепак користат други бенефиции како здраствено и социјално осигурување затоа што законски тоа се невработени лица.
Според проценките, околу 70 илјади луѓе работат, а се регистрирани како невработени.
Треба да се изнајдат и други мерки кои ќе помогнат во поголема мера да се намали стапката на сива економија за да може во БДП-то да бидат вклучени сите активности што се реализираат во земјата и бруто домашниот производ да ја отсликува реалната состојба, вели Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи.
„Некаде на некоја хартија имаме напишано некои мерки, но не знам колку тие мерки до крај се реализираат, како што всушност се реализираат и други мерки и стратегии во нашата земја. Значи таа реализација е секогаш потешката страна.“
Истражувањето покажало дека луѓето трошат 30 проценти од својот приход на услуги од сивата економија, како знаетчиски услуги или на зелени пазари.
Тие знаат дека јас сум без работа и никаква социјална помош, ниту пари не ми даваат за да им ги дадам пак назад со тоа што ќе ги платам комуналиите. А тие што прават, ова е грабеж на народот.Продавач на стари книги во Скопје.