Како прв сведок против поранешниот командант на силите на босанските Срби Ратко Младиќ сведочи Елведин Пашиќ кој ја преживеа масовната егзекуција во Грабовица. Тоа е место во општината Котор Варош каде што систематските злосторства, според обвинителството, добиле размери на геноцид. Во почетокот на војната во Босна таму биле убиени 150 луѓе.
Пашиќ е еден од преживеаните кој сведочел и во случаите против другите обвинети за воени злосторства, меѓу нив и поранешниот претседател на Југославија Слободан Милошевиќ кој почина во текот на неговиот процес во Хашкиот трибунал.
Пред летната пауза, покрај Пашиќ, исказ ќе дадат неколкумина преживеани од Сребреница, советникот на Обединетите нации Дејвид Харланд и неколкумина странски воени старешни.
„Мислам дека во првиот дел на судењето ќе бидат покриени сите аспекти на целиот случај. Потоа ние ќе се осврнеме врз специфичните делови на обвиненијата за геноцид во повеќе општини на Босна и Херцеговина, гранатирањето на Сараево и земањето меѓународни посматрачи за заложници“, изјави специјалниот советник на обвинтелтсвото Фредерик Свинен.
Ратко Младиќ се товари за 11 точки, исто како и неговиот тогашен шеф. претседателот на Република Српска Радован Караџиќ, иако тој неодамна беше ослободен од првата точка за геноцид во повеќе општини на Босна и Херцеговина во текот на војната.
Судскиот совет реши да ја отфрли таа точка наведувајќи дека не биле понудени јасни и квалитетни докази од страна на обвинителството, кое најави жалба, сметајќи дека има обезбедено доволно докази.
„Во своето барање за сертификација, обвинителството го изнесе ставот дека има основа за жалба на наодите на Судскиот совет. Треба да го причекаме исходот од жалбата“, изјави специјалниот советник на обвинтелтсвото Фредерик Свинен.
Инаку, завршните зборови на обвинтелството и на одбраната во случајот на Раткко Младиќ се очекуваат наесен.
Мислам дека во првиот дел на судењето ќе бидат покриени сите аспекти на целиот случај. Потоа ние ќе се осврнеме врз специфичните делови на обвиненијата за геноцид во повеќе општини на Босна и Херцеговина, гранатирањето на Сараево и земањето меѓународни посматрачи за заложници.Фредерик Свинен, специјален советник на обвинтелтсвото.