Претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, го поздравија апсењето на Горан Хаџиќ, оценувајќи дека станува збор за
„уште еден важен чекор во остварувањето на европската перспектива на Србија“. Во заедничкото соопштение на Ромпуј и Ештон се наведува дека „српската нација е во процес на соочување со минатото и вртење страница кон подобра европска иднина“.
Поранешниот главен обвинител на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте, оцени дека апсењето на Хаџиќ е голем успех за српските власти, кој ќе го забрза патот на Србија кон ЕУ.
„Српската Влада со ова направи огромен чекор напред за демократска и мирна иднина на земјата. Тоа е од големо политичко значење“, вели Дел Понте.
Горан Хаџиќ, обвинет за воени злосторства од Хашкиот трибунал, е уапсен денеска во реонот на Фрушка Гора во Србија, објави денеска на прес-конференција, српскиот претседател Борис Тадиќ.
„Ние работиме многу напорно во изминатите три години, работевме
систематски. И на крајот на денот, завршивме“, изјави Тадиќ.
Тој вели дека Србија продолжи да ги исполнува своите меѓународни обврски. Со апсењето на Горан Хаџиќ, ги исполнивме законските и моралните обврски, вели српскиот претседател.
Горан Хаџиќ беше клучна фигура во војната во Хрватска во 90-тите години, односно во тогашната Српска Краина во Хрватска. Хаџиќ е обвинет за убиство на стотици Хрвати и за депортација на илјадници луѓе.
Процедурата за испорака на Хаџиќ во Хашкиот трибунал може да трае до седум дена. Тој ќе биде сместен во посебното оделение во Вишиот суд. Таму ќе му биде прочитано обвинението и ќе биде донесена одлука дали се исполнети условите за негово изрекување. Главниот обвинител на Хашкиот тринунал Серж Брамерц денеска оцени дека Србија со апсењето на Младиќ и на Хаџиќ докажа дека е вистинки посветена на соработката со Хашкиот трибунал.
И генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен, оцени дека апсењето на Хаџиќ е голем чекор кон затворање на болните поглавија во поновата историја на Европа.
„Го поздравувам апсењето на Хаџиќ, последниот осомничен за воени злосторства на територијата на поранешна Југославија“, наведува Расмусен во своето соопштение.
Тој им честита на српските власти на тоа што го почитуваат меѓународните обврски и оцени дека иднината на Србија лежи во конструктивната соработка со земјите во регионот и со земјите членки на ЕУ и НАТО.
Српската нација е во процес на соочување со минатото и вртење страница кон подобра европска иднина.
Поранешниот главен обвинител на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте, оцени дека апсењето на Хаџиќ е голем успех за српските власти, кој ќе го забрза патот на Србија кон ЕУ.
Горан Хаџиќ пристигнува на заседание на парламентот на Српска Краина во Окучани на 20 април 1993 година.
„Српската Влада со ова направи огромен чекор напред за демократска и мирна иднина на земјата. Тоа е од големо политичко значење“, вели Дел Понте.
Горан Хаџиќ, обвинет за воени злосторства од Хашкиот трибунал, е уапсен денеска во реонот на Фрушка Гора во Србија, објави денеска на прес-конференција, српскиот претседател Борис Тадиќ.
„Ние работиме многу напорно во изминатите три години, работевме
Ние работиме многу напорно во изминатите три години, работевме систематски. И на крајот на денот, завршивме.
Тој вели дека Србија продолжи да ги исполнува своите меѓународни обврски. Со апсењето на Горан Хаџиќ, ги исполнивме законските и моралните обврски, вели српскиот претседател.
Горан Хаџиќ беше клучна фигура во војната во Хрватска во 90-тите години, односно во тогашната Српска Краина во Хрватска. Хаџиќ е обвинет за убиство на стотици Хрвати и за депортација на илјадници луѓе.
Процедурата за испорака на Хаџиќ во Хашкиот трибунал може да трае до седум дена. Тој ќе биде сместен во посебното оделение во Вишиот суд. Таму ќе му биде прочитано обвинението и ќе биде донесена одлука дали се исполнети условите за негово изрекување. Главниот обвинител на Хашкиот тринунал Серж Брамерц денеска оцени дека Србија со апсењето на Младиќ и на Хаџиќ докажа дека е вистинки посветена на соработката со Хашкиот трибунал.
Иднината на Србија лежи во конструктивната соработка со земјите во регионот и со земјите членки на ЕУ и НАТО.