Достапни линкови

Младиќ водел кампања за етничко чистење


Екс-командантот на војската на Република Српска е обвинет за геноцид, прогон и други злосторства врз „несрбите“ во текот на конфликтот. Младиќ се изјасни за невин.

Обвинителите на Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг велат дека доказите несомнено покажуваат дека Ратко Младиќ водел кампања за истребување на Муслиманите, Хрватите и останатите „несрби“ за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.

Обвинителството ќе презентира докази кои без сомнение ќе покажат дека раката на Младиќ била вмешана во сите овие кривични дела.
Дермот Грум, обвинител.
Обвинителите ја дадоа изјавата на почетокот на судењето на процесот против 70-годишниот поранешен командант на војската на Република Српска, обвинет за геноцид, прогон и други злосторства врз Муслиманите и Хрватите за време на војната. Младиќ се изјасни за невин. Обвинителот Дермот Грум во почетното обраќање изјави:

„Зад кривичните дела стојат лица кои имале взаемен интерес за извршување на истите. Заедничко за сите е дека тука станува збор за криминалот на Генералот Ратко Младиќ. Обвинителството ќе презентира докази кои без сомнение ќе покажат дека раката на Младиќ била вмешана во сите овие кривични дела.“

Младиќ се товари за команда на масакрот во Сребреница во 1995 година, кога беа убиени 8.000 мажи и момчиња муслимани. Настанот се смета за најголемо злодело по Втората светска војна.

Екс-командантот е обвинет и за оркестрирање на 44-месечната опсада на на Сараево, поради која започна војната. Во конфликтот загинаа 100.000 лица, а повеќе од 2,2 милиони останаа без домови.

Обвинителот Грум рече дека Младиќ учествувал во водењето на кампањата за убивање на „несрбите“ со надеж за создавање на „Голема Србија“.

„Пред четири дена се одбележаа две децении од денот кога Ратко Младиќ стана командант на Армијата на Република Српска. На тој ден Младиќ почна со учеството во криминалното настојување кое веќе беше во тек“, изјави Грум.

Младиќ навидум се однесуваше дрско кога влегуваше во судницата. За време на судењето тој го имаше фиксирано погледот на босанските жени од муслиманска вероисповед во публиката и гестикулираше со раката преку гркланот. Судијата најави пауза со цел да се прекинат, како што ги нарече, „несоодветните интеракции“.
XS
SM
MD
LG