Достапни линкови

Брисел - еврото е незаменливо


На самитот на ЕУ во Брисел постигнат договор за директна рекапитализација на банките на кои им е потребна помош и за можноста за апликација за пакети помош без строгите предуслови за земјите кои се држат до буџетските правила.

Лидерите на ЕУ се договорија за мерките за помош за економиите како Шпанија и Италија.

По разговорите кои траеле цела ноќ во Брисел лидерите на 17 земји членки на Еврозоната се согласиле парите од фондовите да одат директно до банките на кои им се потребни.

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј изјави дека тоа е потребно за рекапитализацијата на банките да оди директно.
Се согласивме за нешто ново за рекапитализација на банките која ќе оди директно во некои случаи и треба да донесеме механизам за супервизија.
Херман Ван Ромпуј, претседател на Европскиот совет.

„Се согласивме за нешто ново за рекапитализација на банките која ќе оди директно во некои случаи и треба да донесеме механизам за супервизија“, изјави претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј.

Лидерите на Еврозоната исто така се договорија дека земјите кои се држат до буџетските правила можат да аплицираат за пакетите помош без строгите предуслови.
Јас мислам дека ова е многу амбициозна одлука која уште еднаш ја покажува посветеноста на земјите членки на еврозоната за незаменливоста на еврото. Јас мислам дека тоа сите ќе го препознаеме.
Жозе Мануел Баросо, претседателот на Европската комисија.

„Втора работа е можноста земјите, кои добро се однесуваат да може да аплицираат за пакетите помош за користење на инструментите и механизмите за финансиска стабилност“, додаде Ромпуј.

Од зборовите на претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо се добива впечаток дека пораката е следнава.

„Јас мислам дека ова е многу амбициозна одлука која уште еднаш ја покажува посветеноста на земјите членки на еврозоната за незаменливоста на еврото. Јас мислам дека тоа сите ќе го препознаеме.“

​Претходно, Шпанија и Италија на Самитот на ЕУ во Брисел, ја условија поддршката за планот за поттикнување на економскиот раст во Унијата во висина од 120 милијарди евра со прифаќање на нивните барања.

Лидерите на еврозоната се согласија на отстапки со тоа што ќе ги сменат условите за шпанските банки и ќе и дозволат на Италија да земе пари од фондот за да ги намали трошоците за позајмување.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG