Елена Панајотова, Димитар Јаранов, Атанас Гаџев, Еслица Попова и Магдалена Николова од Бугарија, Немања Јовановиќ, Слободан Радојковиќ, Соња Вукашиновиќ, Радмила Матејевиќ и Ивана Станковиќ од Србија и нашите Атанас Ботев, Беди Ибрахим, Ненад Ѓорѓевиќ, Миле Ничевски и Зорица Зафировска се 15 уметници чии дела ќе се најдат на изложбата „Поврзувања“ што, од 21 до 30 јуни, ќе се одржи во салонот „Империјал 1“ на Културно информативниот центар во Скопје.
Со постановката, чие отворање се совпаѓа со почетокот на годинешното издание на културната манифестација „Скопско лето“, не само што ќе биде третиран проблемот на цртежот кај неколку генерации на уметници од регионов, туку и се дава и нов импулс на постојната културна соработка помеѓу трите земји.
Маја Чанкуловска – Михајловска, авторката на текстот за каталогот на оваа постановка, истакнува дека се одбрани уметници кои што го негуваат цртежот како автономен израз во текот на своето севкупно творештво и тоа од пејсаж, па се до цинични или иронични толкувања на современието.
„Идејата беше да се осврнеме повторно кон актуализација на цртежот во современието како една од основните гранки во уметноста, односно како еден најнепосреден начин за изразување на творечката мисла, бидејќи цртежот нема потреба од многу технички помагала и тој може да биде израз на моментална инспирација и да биде непосредно пренесен на хартија.“
Атанас Ботев, еден од уметниците чии дела ќе се најдат на ова претставување, истакнува дека се работи за добар потег на кураторите и организаторите бидејќи, сами по себе, изложбите на цртеж се многу ретки во Македонија и дека станува збор за медиум без кој што било каков уметнички концепт или практика речиси се незамисливи.
„Изложбата „Поврзувања“ која опфаќа уметници од повеќе земји од регионот е навистина добар потег на кураторите за да се видат на тој начин современите тенденции на цртежот, да се види едноставно во која насока се движи денеска цртежот и на едно место да бидат презентирани уметничките пракси и сензибилитети на различни автори.“
Инаку, делата на уметниците се работени исклучиво на хартија што значи дека изложбата „Поврзувања“, по Скопје, најнапред ќе ја видат љубителите на ликовната уметност во Ниш и потоа оние во Софија, а организаторите на ова случување “Арт фактор“ и Дирекцијата за култура и уметност на Град Скопје, со своите партнери од регионот, предвидуваат проектот во иднина да стане традиционален.
Идејата беше да се осврнеме повторно кон актуализација на цртежот во современието како една од основните гранки во уметноста, односно како еден најнепосреден начин за изразување на творечката мисла, бидејќи цртежот нема потреба од многу технички помагала и тој може да биде израз на моментална инспирација и да биде непосредно пренесен на хартија.Маја Чанкуловска – Михајловска, куратор.