Достапни линкови

Изложба без наслов, но со поента


Слика од сликарот Менсур Бојда.
Слика од сликарот Менсур Бојда.

Во Културно информативниот центар во Скопје во тек е четвртата самостојна изложба на младиот македонски уметник Менсур Бојда. Ликовната публика до 27 март, во салоните „Империјал 1“ и „Империјал 2“, ќе може да види 60-тина негови цртежи и слики настанати во последниве шест години.

Малку сум скаран со насловите на изложбите, но не и со насловите на сликите и цилкусите затоа што мора да постои објаснување што е она што ти како уметник си го потпишал – вели Менсур Бојда за својата четврта, ненасловена самостојна изложба што до 27 овој месец се одржува во КИЦ во Скопје и на која се претставени 60-тина слики и цртежи.
Некој кажа дека е тоа ретроспектива, е сега кога го спомнуваме веќе тој збор, тоа стои до постарите големци, ретроспектива би било безобразно да се стави за едно младо име и за шест години творештво, така да мораше да остане без наслов, останува само да се влезе внатре и да се сфати поентата дека се работи за различни години, за различни теми, различен ракопис.
Менсур Бојда, уметник.

„Некој кажа дека е тоа ретроспектива, е сега кога го спомнуваме веќе тој збор, тоа стои до постарите големци, ретроспектива би било безобразно да се стави за едно младо име и за шест години творештво, така да мораше да остане без наслов, останува само да се влезе внатре и да се сфати поентата дека се работи за различни години, за различни теми, различен ракопис.“

Говорејќи за мотивите на своите циклуси слики, за врутокот на идеи што му надоаѓаат, Бојда вели дека инспирација бара во секојдневието и дека притоа често заборава од каде всушност тргнал зошто тоа и не му е императив во творештвото.
Сликарот Менсур Бојда.
Сликарот Менсур Бојда.

„Искрено не знам кога првпат и зошто првпат сум направил нешто од тоа и зошто продолжило, меѓутоа многу добро знам зошто тоа го правам и зошто го завршувам, затоа што почетокот и крајот се само две точки и тие не мрдаат, меѓутоа кога ќе ги поврземе, тоа е некој пат, може да биде долг, краток.“
Ако некој најде уметност во едното нека најде, ако најде и во другото нека најде, ако најде да ги оцени кое е подобро нека повели, не се воопшто едно со другото врзани, не е одговор, ниту идејата дошла од тоа, тоа е надвор, ова е внатре во атељето.
Менсур Бојда, уметник.

Еден од бележитите циклуси на изложбата е „Скопје 1963“ кој најверојатно посилно до израз ќе дојде на поставката планирана за 26 јули оваа година во Музеј на Град Скопје. За него Менсур забележува дека нималку не е одговор на актуелните случувања со проектот „Скопје 2014“, туку дека настанал во времето кога бил студен во Белград и го убивала носталгијата по градот во кој живее.

„Ако некој најде уметност во едното нека најде, ако најде и во другото нека најде, ако најде да ги оцени кое е подобро нека повели, не се воопшто едно со другото врзани, не е одговор, ниту идејата дошла од тоа, тоа е надвор, ова е внатре во атељето.“

Менсур Бојда е роден 1986 година во Брод – Гора. Училиште за применета уметност, отсек сликарство, завршил во Белград во класата на професорите Велизар Крстиќ и Слободан Роксандиќ. Зад себе има три самостојни изложби – во Бугарскиот културен центар и во галериите ОКО и КРЕАТИВ во Скопје, а учесник е на бројни колективни изложби и на колонии во Македонија и во соседните Србија и Грција. Уметникот е автор и на насловните страници на македонскиот стрип „Фацизам“, а за овој свој ангажман знае да забележи дека од неговиот пример ѓаволски е тешко, скоро невозможно да се биде меѓу оваа уметност и сликарството.

„Плановите за Фацизам беа уште од средношколските денови, со Филип и со Тони бевме колеги уште од средно и планиравме да правиме заеднички стрип. Го одложувавме, го одложувавме, бидејќи бевме неодговорни и кога се појави планот дека мора да биде и дека ќе биде следниот месец, почнавме сите заедно, но јас реков дека не би чепкал таму, затоа што ќе ме одвлече од сликарството и им понудив само како помош да ги правам насловните и така ни остана договорот.“

Иако не сака многу да говори за идните постановки, сепак извесно е дека делата на македонскиот уметник во догледно време ќе ги види и ликовната публика во Пловдив и наново во Белград.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG