Достапни линкови

Реакции по одземањето на дозволата на А2 Телевизија


Дали законски може медиум да изгуби лиценца поради непочитување на програмски формат?

Одземањето на дозволата за емитување на А2 телевизија поради непочитување на програмскиот формат сериозно ја загрозува слободата на изразувањето и медиумскиот плурализам во Р.Македонија, реагираат од Македонскиот институт за медиуми по одлуката на Советот за радиодифузија.
Членот 63 од Законот за радиодифузија не содржи експлицитна одредба дека основ за одземање на дозвола може да биде непочитување на програмскиот формат
Македонски институт за медиуми.

Членот 63 од Законот за радиодифузија не содржи експлицитна одредба дека основ за одземање на дозвола може да биде непочитување на програмскиот формат“, се наведува во соопштението.

„Експертите на Советот на Европа, при изготвувањето на Законот за радиодифузија од 2005 година, децидно предупредија дека таква одредба во законот не смее да постои, заради можноста од нејзина злоупотреба. Советот за радиодифузија треба да ја информира јавноста дали и
другите телевизии во целост се придржуваат кон програмскиот формат, или се работи за селективна примена на Законот“ се дополнува во реакцијата на Институтот, од каде сметаат дека ваквиот начин на справување со сложените медиумски состојби од страна на институциите придонесува за натамошно влошување на демократскиот амбиент и слободата на медиумите во земјава.

Со реакции се јави и Самостојниот синдикат на новинари на Македонија. Во соопштението на организацијата се изразува згрозеност од одлуката на Советот во период на консолидација на медиумот кој, според синдикатот, понудил можност за повторно вработување на голем број новинари, што останале без редовни примања по затворањето на А1 телевизија.

„Особен револт предизвикува цинизмот во образложението на Советот за радиодифузија за одземањето на правото на зрачење поради ’непочитување на програмската шема’. Во услови кога на македонскиот медиумски пазар се кршат правилата на СРД по сите основи и тоа секојдневно, броењето на проценти на забавната програма е хипокризија која ниту се обидува да биде сокриена“, се наведува во соопштението на ССНМ.

Од Советот за радиодифузија констатираа дека и покрај дадените неколку рокови да го усогласи работењето со Законот за радиодифузната дејност и условите од дозволата, сателитското трговско радиодифузно друштво А2 Телевизија не ја прилагоди програмата согласно добиената дозвола. Одлуката се аргументира со проценката дека наместо најмногу 65 отсто програми што исполнуваат забавна функција, на А2 се емитувале 75,68 проценти. СРД се повикува и на редовни мониторингзи, кои наводно покажале сериозни остапувања во форматот на телевизијата.
XS
SM
MD
LG