Поранешниот сопственик на А1 телевизија Велија Рамковски денеска е осуден на затворска казна од 13 години. Од вкупно 23 обвинети во судскиот процес Пајажина, 20 се прогласени за виновни, од нив само еден доби условна казна, а тоа е поранешниот уредник на весникот Време Александар Дамовски, додека тројца вработени во фирмите на Перо Наков беа ослободени од обвинението.
Основниот суд Скопје 1 му досуди во отсуство на синот на Велија Рамковски, Хеди Рамковски - 7 години затвор, а неговата ќерката Емел е осудена на 6 години затвор. Братот на Велија Рамковски, Амди Рамковски доби 6 години затвор.
На поранешниот директор на А1 телевизија Дарко Перушевски му е изречена затворска казна од пет и пол години, а на Анета Кочишки затвор во траење од две години и три месеци. Останатите обвинети во случајот „Пајажина“ добија затворски казни во траење од три и пол до седум години и парични казни од 2 до 5 илјади евра.
Во пресудата е наведено дека со постапката е докажано дека управителите и основачи на фирми на „Перо Наков“ се виновни за злосторничко здружување, односно дека намерно формирале група во која преку друштвата што ги основале со своите дејства, како затајување на данок, перење пари и измама на доверители, исплаќање на плата во готово, лажно прикажување на извршени услуги и наводна продажба, повеќекратно плаќање на исти фактури, стекнале имотна и материјална корист.
Дел од нив се виновни и за злоупотреба на службена должност и овластување со што преку позајмици без економска оправданост префрлале пари од една на друга сметка и ги изнеле во фирми во Турција и Хрватска каде што биле коосновачи и косопственици.
Тројца осудени им е укината мерката притвор и им е одреден домашен притвор до правосилност на пресудата, додека на поранешната директорка на А1 Анета Кочишки и е укинат домашниот притвор и до правосилсноста на пресудата ќе треба редовно да се пријавува во Судот.
Адвокатите на обвинетите изјавија дека пресудата е одамна очекувана и најавија жалби.
„Затоа што е нормално едно вакво шоу, една ваква фарса каква што беше целото ова судење да заврши со вакво финале. Ја очекуваме писмената пресуда за која што сметам дека судијата ќе има сериозни проблеми да ја образложи“, вели адвокатот Никола Поленак.
Адвокатот Стеван Павлевски додаде дека рамнодушно ја примил пресудата.
„Таа е резултат на конструкција на докази, на селекција на докази и се надевам дека повисоките инстанци ќе го имаат предвид тоа.“
Во преполната мала судница на Основниот суд, обвинетиот Рамковски пред читањето на пресудата побара пред камерите кои го снимаат неговиот лик да ја снимат и неговата мисла.
Затоа што е нормално едно вакво шоу една ваква фарса каква што беше целото ова судење да заврши со вакво финале. Ја очекуваме писмената пресуда за која што сметам дека судијата ќе има сериозни проблеми да ја образложи.Никола Поленак, адвокат на осудените.
Основниот суд Скопје 1 му досуди во отсуство на синот на Велија Рамковски, Хеди Рамковски - 7 години затвор, а неговата ќерката Емел е осудена на 6 години затвор. Братот на Велија Рамковски, Амди Рамковски доби 6 години затвор.
На поранешниот директор на А1 телевизија Дарко Перушевски му е изречена затворска казна од пет и пол години, а на Анета Кочишки затвор во траење од две години и три месеци. Останатите обвинети во случајот „Пајажина“ добија затворски казни во траење од три и пол до седум години и парични казни од 2 до 5 илјади евра.
Во пресудата е наведено дека со постапката е докажано дека управителите и основачи на фирми на „Перо Наков“ се виновни за злосторничко здружување, односно дека намерно формирале група во која преку друштвата што ги основале со своите дејства, како затајување на данок, перење пари и измама на доверители, исплаќање на плата во готово, лажно прикажување на извршени услуги и наводна продажба, повеќекратно плаќање на исти фактури, стекнале имотна и материјална корист.
Дел од нив се виновни и за злоупотреба на службена должност и овластување со што преку позајмици без економска оправданост префрлале пари од една на друга сметка и ги изнеле во фирми во Турција и Хрватска каде што биле коосновачи и косопственици.
Таа е резултат на конструкција на докази, на селекција на докази и се надевам дека повисоките инстанци ќе го имаат во предвид тоа.Стеван Павлевски, адвокат на осудените.