Новото поскапување на струјата повторно ќе удри на џебот на граѓаните, кој и така е се поплиток со претходното зголемување на цените на парното греење, храната и нафтата.
Регулаторната комисија за енергетика до крајот на месецот треба да направи пресметки дали на домашните енергетски компании им се зголемиле трошоците во работењето, по што ќе донесе одлука дали е потребно поскапување на струјата. Пензионерот Симеон Костов вели дека сметките за струја откако на почетокот на годината беше поскапена цената се зголемиле за речиси двојно. Пензијата е мала и одвај успеваме да го истераме месецот, се жали Костов.
„Порано сум плаќал 1.000, 1.200 до 1.500, а сега 2.000 до 2.200 - 2.300 зависи од месецот. И сега ако покачат тоа ќе биде чувај боже, јас сум пензионер со 8- 9. 000 што да правам? Од тие пари 7. 000 одат за трошоци.“
Костов додава дека се крати каде што има простор и се повеќе се штеди употребата на енергија.
„Се стискам од сите страни, се стегам. Ми треба ова, си велам нема, ќе почекам подобри времиња. Секој денар се планира, оти пензиите ќе ги покачат 5-6 проценти, а се останато се качува за 15 - 20 проценти.“
И другите граѓани се согласни дека сметките за струја и сега се превисоки и новото поскапување ќе биде уште еден шок за семејниот буџет.
„Поскапувањето е неразумно, на буџетот се чуствува, но ние не сме моќни за тоа друг одлучува, кога нема подршка од владата, јас не гледам колку нашето мислење воопшто вреди“.
„Тоа ќе биде уште полошо, поголема сиромаштија и поголем број на луѓе не ќе можат да платат.“
Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Мендерес Кучи вели дека поскапувањето на струјата ќе влијае врз работата на малите и средните претпријатија.
„Една статистика вели вака, во скоро секој продукт една третина од цената е енергијата. Ова поскапување може да предизвика и отпуштање на работници, има еден лимит до кај може да се трпи, над тој лимит секако дека не може. И ако на пазарот продуктот не може да се продаде, секако дека работодавецот ќе мисли на отпуштање на работници и на банкрот.“
Според Кучи не треба енергетските компании да ја искористуваат монополската положба за која властите им ја дозволија.
Порано сум плаќал 1.000, 1.200 до 1.500, а сега 2.000 до 2.200 - 2.300 зависи од месецот. И сега ако покачат тоа ќе биде чувај боже, јас сум пензионер со 8- 9. 000 што да правам? Од тие пари 7. 000 одат за трошоци.Симеон Костов, анкетиран граѓанин.
Регулаторната комисија за енергетика до крајот на месецот треба да направи пресметки дали на домашните енергетски компании им се зголемиле трошоците во работењето, по што ќе донесе одлука дали е потребно поскапување на струјата. Пензионерот Симеон Костов вели дека сметките за струја откако на почетокот на годината беше поскапена цената се зголемиле за речиси двојно. Пензијата е мала и одвај успеваме да го истераме месецот, се жали Костов.
„Порано сум плаќал 1.000, 1.200 до 1.500, а сега 2.000 до 2.200 - 2.300 зависи од месецот. И сега ако покачат тоа ќе биде чувај боже, јас сум пензионер со 8- 9. 000 што да правам? Од тие пари 7. 000 одат за трошоци.“
Една статистика вели вака, во скоро секој продукт една третина од цената е енергијата. Ова поскапување може да предизвика и отпуштање на работници, има еден лимит до кај може да се трпи, над тој лимит секако дека не може. И ако на пазарот продуктот не може да се продаде, секако дека работодавецот ќе мисли на отпуштање на работници и на банкрот.Мендерес Кучи, Стопанската комора на северозападна Македонија.