Достапни линкови

Цените до плафон, стандардот на дно


Нафтата повторно ќе поскапи, веќе поскапеа струјата и парното, a цените на храната постојано растат. Граѓаните имаат забелешки дека владата ветувала подобра економија и инвестиции, но оти добиваат само нови повисоки цени.

Се најавува дека нафтата идната недела повторно ќе поскапи. Секој втора недела нафтените деривати имаат повисока цена, а претходно добивме и поскапупавење на цените на комуналиите, односно на струјата и парното греење. Веќе на прв поглед е јасно дека ова неминовно ќе влијае врз намалување на реалниот бруто домашен призвод и зголемување на инфлацијата, наведува Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи.
Нормално кога се работи за пари сите чуствуваме дека нешто не е во ред. Возач сум од искуство кажувам, редуцирано ја користам колата, затоа што се случува некогаш да останам без гориво а тоа порано не ми се случуваше, тогаш со тие пари успевав цел месец од дома до работа да стигнам и назад да се вратам.
Анкетиран граѓнин.

„Значи цените на производите би се зголемиле, исто тоа би влијаело да се зголеми самата инфлација. Доколку луѓето имаат исти, ограничени приходи, а од друга страна, цените се зголемат, значи нивната побарувачка за производи ќе се намали, односно нивното купување ќе се намали што од друга страна ќе влијае да се намали бруто домашниот производ.“

Супермаркет, илустрација.
Супермаркет, илустрација.
Тоа значи дека луѓето ќе бидат уште поекономични во нивното трошење. Многумина последното зголемување нема да ги изненади. Граѓаните постојано се борат со проблемите во економијата, а поскапувањата само ќе произведат дополнителни негативни ефекти.
Значи цените на производите би се зголемиле, исто тоа би влијаело да се зголеми самата инфлација. Доколку луѓето имаат исти, ограничени приходи, а од друга страна значи цените се зголемат, значи нивната побарувачка за производи ќе се намали, односно нивното купување ќе се намали што од друга страна ќе влијае да се намали бруто домашниот производ.
Шенај Хаџимустафа, Центар за економски анализи.

„Нормално кога се работи за пари сите чувствуваме дека нешто не е во ред. Возач сум од искуство кажувам, редуцирано ја користам колата, затоа што се случува некогаш да останам без гориво а тоа порано не ми се случуваше, тогаш со тие пари успевав цел месец од дома до работа да стигнам и назад да се вратам.“

Луѓето бараат владата да инвестира во производство за да не ја чувствуваат толку многу кризата. Некои имаат забелешки дека владата ветувала подобра економија и инвестиции, но оти добиваат само нови повисоки цени.

„Многу е поскапено, најмногу чуствуваме на храната, храната е скапа и струјата и парното. Ќе поминеш со тоа што е поевтино, не можеш да купуваш скапо. Кој може да издржи е прашањето?“

„Се е поскапено, еве на пример јајцата беа 7 денари, сега се 9 денари, се снаоѓаме како умееме.“

Ваквите песимистички изјави очигледно претставуваат наша карактеристика подолг период. Постојано луѓето се борат со проблемите во економијата, ги пресретнуваат нови поскапувања, поголемиот дел од граѓаните имаат ограничени приходи, стапката на невработеност е голема и сето тоа влијае да не се зголеми значајно БДП. Со продолжување на зголемувањето на цените јасно е дека и во иднина луѓето нема да бидат способни да организираат поквалитетен живот освен да купат храна и да ги платат сметките. Оптимистите се надеваат дека сепак за претстојниот празник Велигден и покрај високите цени на храната ќе стекнат услови тие денови да се доживеат во поубаво светло.

„Сега ние кукаме, ама на крај убаво си поминуваме што и да правиме, сега може малку да намалиме во залихите, но за купување ќе купиме, мора да купиме, празник е мора да си поминеме убаво.“
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG