Достапни линкови

Цените растат, џебот се попразен


Граѓаните велат дека поскапувањата се неиздржливи за нивниот стандард и дека се потешко се живее.

Цените постојано бележат раст, а џебот е се попразен. Тоа е реалноста со која граѓаните секојдневно се соочуваат. Велат платите и пензиите со години наназад се исти и има се помалку пари за основните продукти кои им се потребни. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во април во однос на истиот месец во минатата година е зголемен за 3,2 насто, а индексот на трошоците на живот за 2,2 насто.
Па кратиме колку што е џергата, нема друго. Како домаќини научени со главата надолу оти сабја не ја сечи, некако поминуваме. Ова се одразува и на здравје и на нерви и на се.
Анкетиран граѓанин.

Зголемени се цените на јајцата, овошјето, зеленчукот, како и на рибата и месото. Освен на храната забележан е раст и на цените на нафтата, козметичките производи, обувките, како и на лековите и средствата за лична хигиена. Граѓаните велат дека поскапувањата се неиздржливи за нивниот стандард и дека се потешко се живее.

„Да има поскапувања, секоја година е се полошо и полошо, а платите, пензиите стојат, има безработица. Ако корпата лани се полнела, сеа е помалку. Македонија е во незавидна состојба. “
Кога самите приходи се ограничени, а од друга страна стапката на невработеност не се намалува, тоа значи дека истата структура на луѓе кои работат со ограничени приходи да можат да купуваат помалку производи како резултат на тоа што има повисоки цени.
Шенај Хаџимустафа, Центар за економски анализи.

„Да ви кажам право за нас пензионерите се е скапо, дали белешки да платиш, дали за друго да има.“

Тие се принудени да кратат на се што можат за да го истераат месецот.

„Па кратиме колку што е џергата, нема друго. Како домаќини научени со главата надолу оти сабја не ја сечи, некако поминуваме. Ова се одразува и на здравје и на нерви и на се.“

„Е како поминуваме, така. Ако купиш млеко, пола ќе му ставиш вода. Нема друго ќе кратиш.“

Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи вели дека секое зголемување на цените во услови кога платите остануваат исти резултира со намалување на куповната моќ на граѓаните.

„Кога самите приходи се ограничени, а од друга страна стапката на невработеност не се намалува, тоа значи дека истата структура на луѓе кои работат со ограничени приходи да можат да купуваат помалку производи како резултат на тоа што има повисоки цени.“

Според неа тоа од друга страна влијае и на БДП.

„Реално не се зголемува БДП, како резултат на повеќе произведени и продадени добра и услуги, туку како резултат на зголемените цени. Значи истото зголемување не треба да се толкува како позитивно во насока дека имаме зголемен економски раст.“

Експертите сметаат дека нема опасност од зголемување на инфлацијата, бидејќи нема значајни поместувања кои ќе влијаат на нејзината проекција.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG