Достапни линкови

Христо Петрески овенчан со „Рациново признание“


Христо Петрески, писател, годинешен добитник на „Рациновото признание“ за романот „Лифтот (не) е за двајца“
Христо Петрески, писател, годинешен добитник на „Рациновото признание“ за романот „Лифтот (не) е за двајца“

Меѓу интелектуалците најмногу реагираат луѓето со перо – вели писателот Христо Петрески, годинешниот добитник на „Рациновото признание“ за романот „Лифтот (не) е за двајца“ пишуван во духот на постмодерната прозна традиција.

Јас отсекогаш сум тоа што сум. Жесток, отворен, полемичен. Постојано сум во дијалог со просторот и со времето. Не само меѓу редови, туку и со чиста и јасна мисла укажувам на сите противречности и аномалии. Мислам дека не молчам... иако јавно не се добива таква една претстава дека писателите се отворени, жолчни и дека се бунтуваат само затоа што ние не демонстрираме на улица. Ние тоа го правиме во нашите книги, во нашите текстови.
Еве вака ќе го започне своето кажување за себе и за својата творечка мисија Христо Петрески, годинешниот добитник на „Рациновото признание“ за романот „Лифтот (не)е за двајца“.
Ние во одредени мигови сме испуштале крик до небо, сме врискале до плач, сме зборувале траорно, сме зборувале пророчки. Никогаш не ни било сеедно, не зависно дали било во прашање преименувањето на името, дали било во прашање статусот на писателот и воопшто на творецот и на уметникот, дали било во прашање загадувањето на јазикот, сите аналомалии и неотпорности што се случуваат кај нас.
Христо Петрески, писател.

„Ние во одредени мигови сме испуштале крик до небо, сме врискале до плач, сме зборувале траорно, сме зборувале пророчки. Никогаш не ни било сеедно, не зависно дали било во прашање преименувањето на името, дали било во прашање статусот на писателот и воопшто на творецот и на уметникот, дали било во прашање загадувањето на јазикот, сите аналомалии и неотпорности што се случуваат кај нас.“
Христо Петрески, писател.
Христо Петрески, писател.

Роден 1957 година во Крушево, Петрески е магистер по културологија во книжевноста и доцент на Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА. Тој наедно е основач и директор на Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за научна и културна афирмација и презентација „Македонија презент“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1985 година, еден од основачите на списанието „Стожер“ и на Манифестацијата „Празник на липите“.
Пишува поезија и проза за возрасни и за деца и млади, филмски и театарски критики и зад себе има над 25 книжевни објави. За своето творештво добитник е на бројни награди како „Ацо Шопов“ (за стихозбирката „Камен јазик“), „Крсте Петков Мисирков“ (за новинарство), „Васил Куновски“ (за „Скопскиот трамвај“), „Ванчо Николески“ ( „На умните не им требаат скали за качување“), „Крсте Чачански“ ( „Пирамида. Лавиринт“), „Наим Фрашери“ ( за поезија)...и други.
За наградите писателот забележува дека единствено имаат смисла и значење само доколку стимулираат и го откриваат делото на авторот, а за „Рациновото признание“ вели дека „го сонувал уште како дете“.

„Да се добие награда што го носи името на Рацин е една голема мечта, на една голема желба и мислам дека Рацин стимулира, поттикнува и пред се обврзува.“

Христо Петрески, ова признание го чувствува и како признание за новата македонска проза и т.н „петта генерација“ на творци кај нас во која спаѓаат и Славе Ѓорѓо Димоски, Јордан Даниловски и други и која дури сега излегува од сенката на бардовите на македонската литература.
ИЗЈАВА
Наградата Христо Петрески ќе му биде свечено врачена на претстојните 49-ти по ред „Рацинови средби“ што ќе се одржат на 14 и 15 јуни во Велес.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG