Достапни линкови

Невработена младина


Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.
Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

Додека Европа наоѓа пари од каде да го подржи и реши проблемот со невработеноста на млади, Македонија се расфрла со парите како сите други проблеми да се решени, пишува за РСЕ, Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

Не е тајна дека во Европа има се поголем број на невработени, затворени фабрики и се поголем број на земји кои тонат во долгови. Тоа е еден од проблемите кој го посочуваат економистите како директен удар врз перспективите на младите луѓе. Нормално борбата со невработеноста не е само морален, економски и социјален предизвик, туку тоа е борба за здрава иднина и општество.
Состојбата во Македонија е иста како во земја која се наоѓа пред колапс, невработеноста на населението е рекордна - околу 32%, невработеноста на младите изнесува 45% што би значело дека се приближуваме до бројката половина од младите во Македонија да бидат без работа.

Затоа младите социјалисти од Европа на еден од последните состаноци успеаа да ги дефинираат проблемите на младите луѓе од Европа и заеднички се обврзаа на усвојување и промовирање на документ, кој треба да биде прифатен од Европскиот парламент и да почне да делува како решение за се поголемата невработеност на младите во Европа. Документот кој се нарекува „Младинска гаранција“ ги опфаќа сите земји членки на Европската унија, а дополнително отвора можности и за подмладоците на политичките партии кои се дел од здружението на млади социјалисти од Европа – ЕКОСИ, во кое Социјалдемократската младина веќе подолг период е со активно членство.

Тоа што е интересно за овој документ е фактот што тој е изработен врз основа на испитување на ниво на Европа од кое што произлегува дека бројките за невработеноста на младите се загрижувачки. Речиси шест милиони млади луѓе во Европа се невработени, иако од земја во земја ситуацијата е различна, сепак станува збор за население три пати поголемо од вкупниот број на жители во Македонија. Иако тоа во проценти не изгледа толку страшно, во просек од околу 10% невработеност во Европа, 20% од тоа се млади луѓе, a гледано одделно за земјите ситуацијата е прилично страшна. Во земјите кои се од прилика во економски колапс, невработеноста на младите луѓе изнесува 48% во Шпанија и 47% во Грција, што од прилика, половина од младото население е невработено во овие земји.

Состојбата во Македонија е иста како во земја која се наоѓа пред колапс, невработеноста на населението е рекордна - околу 32%, невработеноста на младите изнесува 45% што би значело дека се приближуваме до бројката половина од младите во Македонија да бидат без работа. Бројката е уште пострашна во недоволно развиените средини или помалите градови каде што може да се искачи и до 70% од младите да бидат на листата на невработени.

Проблемите од нерешавањето на кризата со невработеноста на младите би биле огромни и тоа на подолг рок. Еден од поголемите проблеми со кој се соочуваме како земја, е така наречениот Brain drain или одливот на мозоци од земјата. Барајќи подобра иднина и заработувачка, голем број на млади луѓе би можеле да ја напуштат земјата, кога гледаат дека нема иднина за нив овде.

Тоа го покажа и истражувањето кое го спроведоа младинските организации според кое 60% од младите сакаат да ја напуштат земјата. Во вакви услови власта која седум години има игнорантски однос кон проблемите на младите повеќе од јасно е дека води погубната политика во однос на младите. Донесување на Закон за млади кој би содржал решенија на проблемите на младите луѓе може да послужи како добар почеток на надминување на ваквата очајна ситуација во Македонија. На Македонија не и потребен закон за млади преку кој власта сака само да стави рака на младинското здружување и да биде искористено за тесно партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ.

Европската младинска гаранција е гаранција дека за секој млад човек ќе може да му биде понудена работа, продолжено едуцирање или тренинг за работното место во период од четири месеци од кога ќе го заврши образованието или изгуби работното место. Ваквата легислатива може да биде прифатена и имплементирана и национално и локално ниво. Примери за вакви закони имаат земјите Финска и Австрија.

Додека Европа наоѓа пари од каде да го подржи и реши проблемот со невработеноста на млади, 10 милијарди од буџетот за социјалните реформи, Македонија се расфрла со парите како сите други проблеми да се решени. Наместо да се стимулираат фабриките и компаниите да вработуваат млади луѓе, на власта во Македонија приоритет и се спомениците за мртвите и ликовите од митологијата.

Отварањето на факултети во секое населено место не го решава проблемот со невработеноста на младите, иако привремено ги разубавува статистиките, тоа само ќе создаде дополнителен проблем кога ќе се појави армијата на невработени со дипломи од факултет. Превработеноста на неесодветните партиски кадри во администрацијата не е решение или преставува само купување мир кај својата гласачка машинерија.

Немањето на стрегија за решавањето на проблемите со невработеноста и тоа како ќе влијаат на иднината на Македонија. Затоа е потребно да се бираат приоритетите, дали ќе се гради иднина или ќе се градат споменици на минатото?! Младите луѓе мораат во најкраток можен рок да го направат вистинскиот избор и да го КРЕНАТ СВОЈОТ ГЛАС ЗА ИДНИНАТА!!!
XS
SM
MD
LG