Достапни линкови

По детонација, цунами


Дарко Давитковски , претседател на Социјалдемократската младина на Македонија
Дарко Давитковски , претседател на Социјалдемократската младина на Македонија

Не знам дали ќе може новиот бран да ги испере глупостите на власта, но знам дека на народот му е потребно цунами кое ќе ги прочешла членовите на Владата од прв до последен.

Не е лесно да си граѓанин на Македонија последниве неколку години. Животот ти е во шок, помалку наликува на сапуница, пред да заврши епизодата се случува нешто важно со главниот лик и едвај чекаш да видиш што е епилогот во следната епизода.
Зарем големиот реформатор-демохристијанин седум години не знаел и му се криеле криминалците во сопствените редови, во редовите на неговата партија. Може и чекал Господ да ги казни, а додека чекал овие успеале да направат богатство, од рекет, изнуда, коцкање и што ли уште не.

Во Македонија е слично, стануваш наутро, те шокираат со некоја нова најчесто непријатна вест, настан или владина мерка, се обидуваш да го преживееш денот и се враќаш во постела да видиш што ќе ти се случи во утрешната епизода од сопствениот живот.

Последниве неколку недели најшокирани се членовите на ВМРО ДПМНЕ. Тие луѓе не ни помислиле дека е можно во нивните редови да имаат и такви што се занимаваат со криминал. Зарем големиот реформатор-демохристијанин седум години не знаел и му се криеле криминалците во сопствените редови, во редовите на неговата партија. Може и чекал Господ да ги казни, а додека чекал овие успеале да направат богатство, од рекет, изнуда, коцкање и што ли уште не. А по бројот на запленети апарати источна Македонија ми наликува на мини Лас Вегас.

„Што збориш бе Мите? Како влегле овие???“ Очигледно знаел некој за тоа бидејќи беа во прашање десетици камиони со апарати. Некој од „фамилијата“ сигурно бил запознаен, во најмала рака сопругата/пратеничка на еден од уапсените, ама како верна послушничка сигурно се молела на Бога сопругот сам да се откаже од бавењето со криминал.

Најголемата фарса во целата акција е фактот што клановската битка во сопствените редови се обидуваат да го претстават како „борба против криминалот“. Скараните членови на фамилијата почнаа да си наплатуваат едни на други, а дополнително и граѓаните ќе гледаат сапуница без пари. Но, граѓаните ќе имаат прилика да видат и нешто друго. Ќе видат и дека митот за чесноста пропадна во вода затоа што седум години власт успешно криење на криминалот не е шала. Веројатно така и се финансира локалната кампања на партијата на Власт, но се направи и место за новите луѓе да ги преземат „клучните позиции“ со цел да го продолжат седумгодишниот црн бизнис.

Типично за власта, се обидува со години да наметне мислење дека некој друг е крив: прв виновник е секогаш Бранко, втор е Грција, па следат новинарите, ЕУ, НАТО, Фуле, европратеници, земјоделци, студенти, невладини организации, и на крај четвртиот и петтиот ешалон во ДПМНЕ за недобро завршената работа. Стигнаа на ред и своите па испадна дека ај што се занимавале со криминал, туку и не знаеле да работат и да ги спроведуваат одлуките на владата и тоа замисли седум години.
И на крајот испадна дека пола ВМРО работело криминал во државата, а другата половина прикривало, па остана ли некој чесен во државата. Сега кога решија да се пресметаат со неистомислениците во своите редови, редно беше да има и некаков епилог целата акција. Верувам погодувате, тоа е „новиот бран“ партиски чистки на Груевски. Е оваа епизода ќе трае неколку месеци. И истата не е ништо друго туку сервирана приказна и фаќање за сламка и очајнички обиди за се’ поголемото незадоволство на народот да се насочи кон некои небитни ликови од четвртиот и петтиот ешалон во ДПМНЕ. Се’ што е претерано станува дегутантно, така и власта со барокот, рекламите, казните, контролата и партизацијата на секоја клетка во општеството доведе до тоа да народот веќе да не може да ги свари.

Новиот бран треба да делува превентивно за своите послушници, но и да има показна вежба за народот да види како власта успева да се справи со тие што „не знаат“ да слушаат. Ама рибата смрди од главата, а не кај нас. Типично за власта, се обидува со години да наметне мислење дека некој друг е крив: прв виновник е секогаш Бранко, втор е Грција, па следат новинарите, ЕУ, НАТО, Фуле, европратеници, земјоделци, студенти, невладини организации, и на крај четвртиот и петтиот ешалон во ДПМНЕ за недобро завршената работа. Стигнаа на ред и своите па испадна дека ај што се занимавале со криминал, туку и не знаеле да работат и да ги спроведуваат одлуките на владата и тоа замисли седум години. Да не се испокараа во своите редови ќе требаше уште да ги трпиме овие, лошите де, не сите.

Не знам дали ќе може новиот бран да ги испере глупостите на власта, но знам дека на народот му е потребно цунами кое ќе ги прочешла членовите на Владата од прв до последен.
XS
SM
MD
LG