Достапни линкови

Партиските подмладоци со зборови против тензии


Шефовите на подмладоците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Диме Спасов и Дарко Давитковски.
УМС на ВМРО-ДПМНЕ најави дека во текот на денот ќе го соопшти својот став за декларацијата предложена од СДММ.
Шефовите на подмладоците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Диме Спасов и Дарко Давитковски. УМС на ВМРО-ДПМНЕ најави дека во текот на денот ќе го соопшти својот став за декларацијата предложена од СДММ.

Подмалдоците на политичките партии се за декларацијата со која ќе се осуди насилството меѓу младите. Но, кога станува збор за она што подмладоците го прават на терен за да ги намалат тензиите, одговарат дека „засега само разговараат со своите сопартиjци“.

Предлог-декларацијата со која остро ќе се осуди насилството меѓу младите како идеjа е прифатлива за сите подмладоците на политичките партии. Некои од нив сметаат дека со декларацијата и навистина ќе помогнe да се превенираат нови инциденти со меѓуетничка димензија меѓу младите. Но, кога станува збор она што подмладоците го прават на терен за да помогнат да се намалат тензиите одговарат дека „засега само разговараат со своите сопартијци“.
Значи ако седнеме на иста маса ако се дебатира, ако се поканат младинците да бидат присутни само така може да оставиме добра слика. Не верувам дека моќта за решавање на овие тензии и проблеми се наоѓа дирекно во рацете на политичките подмладоци. Сметам дека институциите на власта се тие кои се најодговорни, прво да ги најдат сторителите и второ да спречат понатамошни тензии.
Дарко Давитковски, СДСМ​.

Предлагачот на декларацијата, претседателот на Социјалдемократската младина Дарко Давитковски вели дека оставриле контакт со локалните ограноци во местата каде што има мешано етничко население. Тој додава дека сега е најбитно е да се осудат насилствата и да се најде начин како младите да седнат на иста маса на која тие ќе дебатираат за своите разлики.

Беким Мемети, претседател на Младинскиот форум на ДУИ од Тетово.
Беким Мемети, претседател на Младинскиот форум на ДУИ од Тетово.
​„Прво и основно треба ние да оставиме добра слика, теренот наш за работа може да биде на едно ниво и пред се ние работиме со членовите на нашите партии. Значи ако седнеме на иста маса ако се дебатира, ако се поканат младинците да бидат присутни само така може да оставиме добра слика. Не верувам дека моќта за решавање на овие тензии и проблеми се наоѓа дирекно во рацете на политичките подмладоци. Сметам дека институциите на власта се тие кои се најодговорни, прво да ги најдат сторителите и второ да спречат понатамошни тензии.“
Разговарав особено со младите од ДУИ и пратив порака да се воздржат од секоја провокација од било која страна да доаѓа. Јас само им пратив порака и зборував со нив да се воздржат и да им пренесат на другите она што јас на нив им го кажав.
Беким Мемети, ДУИ.

Претседателот на Форумот на млади на Тетово од ДУИ, Беким Мемети вели дека ја подржуваат декларацијата без разлика што доаѓа од опозициска партија, затоа што во себе таа содржела порака за мир. Тој смета дека таа ќе биде доволна за превениција од нови инциденти затоа што декларацијата во себе содржи се што е потребно за да се намалат тензиите. Мемети вели дека како претседател на младинскиот огранок преземал мерки и на терен.

„Разговарав особено со младите од ДУИ и пратив порака да се воздржат од секоја провокација од било која страна да доаѓа. Јас само им пратив порака и зборував со нив да се воздржат и да им пренесат на другите она што јас на нив им го кажав.“

Од младинскиот форум на ДПА велат дека ја поддржуваат идејата за декларација но додека не ја погледат предлог-верзијата нема да искажат став. Од таму велат дека сега работат на реконструкција на сите нивоа на младинската организација и во меѓувреме разговараат со своите сопартици да се воздржат од насилство.

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ најави дека во текот на денот ќе го соопшти својот став за декларацијата. Од таму велат дека преку нивните општински и месни комитети се обидуваат да испратат порака сите млади да се воздржат од насилство и да избегнат предизвикување инциденти посебно од етнички и политички карактер со оглед на можноста сите десегашни инциденти да се дел од нечие сценарио за загрозување на соживотот во Македонија.

Во меѓувреме, состојбата во главниот град делумно се смири. Но, по апсењето на дел од учесниците во инцидентите во Тетово и заканите на фудбалски навивачки групи за нереди по барање на МВР, Фудбалската федерација одлучи да не се играат натревари на тетовскиот стадион.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG