Овојпат за Радио Слободна Европа, во нашата нова рубрика он-лајн колумна, пишуваат м-р Кренар Лога, претседател на Демократската младина на Албанците и Зоран Илиоски, од коалицијата на невладини организации СЕГА. И двајцата се осврнуваат на особено актуелни теми: соживотот и Законот за млади што влезе во собраниска процедура, но поради реакциите во јавноста беше повлечен.
Асани од Германија испратил малку партиски обоен коментар на здраворазумниот текст на Лога: „Свака част“, пишува Асани, „само напред, брате други Мендух Тачи“, додека Игор од Скопје пишува токму онака за што се залага и Лога: „Убаво е да се слушнат разумни зборови, а проблемот е во политичарите и во политиката, кои ја носат целата одговорност за меѓусебните конфликти. Задача на мудрите е личната коегзистенција да ја пренесат и на ниво на заедниците“, порачува Игор.
Зоран Илиоски, кој се залага за јавна дебата за Законот за млади за да се направи токму онаков каков што реално им одговара на сите млади во државава, испровоцирал неколку пораки од вас, кои повторно ја покажуваат нашата болка: „партизираноста на секое наше размислување.“
И Гоце од Скопје кој вели дека што и да се прави кај нас мора некоја
политичка партија да се вмеша и да се лепат етикети на луѓето, а Игор од Битола смета дека законот се носи по мерка на ВМРО-ДПМНЕ.
Ман од Кавадарци му забележува на Игор дека само сакал да ја напаѓа партијата на власт без да е виновна за нешто.
Инаку најкоментиран прилог во изминатата недела е разговорот со Лидија Димова, директорка на Македонскиот центар за европско образование која смета дека Владата нема апсолутно никакви намери да ја приклучи Македонија кон ЕУ.
Јордан пишува дека Димова била една од оние кои зад агендата за влез во ЕУ ја туркала промената на името, но Жане реално порачува дека на интернет може да се види дека Македонија секоја година успева да повлече и да потроши се помалку пари од европските фондови и им забележува на жените од јавната администрација дека по се' изгледа поинтересно им е да си купат нови блузички отколку евроинтеграциите.
Убаво е да се слушнат разумни зборови, а проблемот е во политичарите и во политиката, кои ја носат целата одговорност за меѓусебните конфликти.Коментар од читател.
Асани од Германија испратил малку партиски обоен коментар на здраворазумниот текст на Лога: „Свака част“, пишува Асани, „само напред, брате други Мендух Тачи“, додека Игор од Скопје пишува токму онака за што се залага и Лога: „Убаво е да се слушнат разумни зборови, а проблемот е во политичарите и во политиката, кои ја носат целата одговорност за меѓусебните конфликти. Задача на мудрите е личната коегзистенција да ја пренесат и на ниво на заедниците“, порачува Игор.
Зоран Илиоски, кој се залага за јавна дебата за Законот за млади за да се направи токму онаков каков што реално им одговара на сите млади во државава, испровоцирал неколку пораки од вас, кои повторно ја покажуваат нашата болка: „партизираноста на секое наше размислување.“
И Гоце од Скопје кој вели дека што и да се прави кај нас мора некоја
Што и да се прави кај нас мора некоја политичка партија да се вмеша и да се лепат етикети на луѓето.Коментар од читател.