Достапни линкови

Германија и Франција бараат ревизија на Шенген


Министрите за внатрешни работи на Германија и на Франција Ханс Петер Фридрих и Клод Геан бараат воведување контрола на нивните државни граници доколку се покаже дека не може да се заштитат границите на Шенген зоната. Тие најавија дека за тоа ќе ги информираат своите колеги од Европската унија на состанокот во Луксембург идната недела.

Министрите Фридрих и Геан, како што јавуваат новинските агенции, веќе подготвиле писмо во кое го објаснуваат нивниот став за евентуално повторно воведување гранични контроли.

Шенгенскиот договор веќе не одговора на сериозноста на ситуацијата. Неопходна е ревизија. На Шенген му треба реформа исто како што направивме со еврото. Одлуката да дозволиме влез на луѓе треба да е израз на политичка волја на нашата суверена држава, а не на технократи.
Никола Саркози, претседател на Франција.
Заедничкото писмо всушност го одразува ставот на францускиот претседател Никола Саркози кој на 6 мај очекува да биде реизбран на таа функција.
Никола Саркози
Никола Саркози

„Шенгенскиот договор веќе не одговора на сериозноста на ситуацијата. Неопходна е ревизија. На Шенген му треба реформа исто како што направивме со еврото. Одлуката да дозволиме влез на луѓе треба да е израз на политичка волја на нашата суверена држава, а не на технократи“, изјави Саркози на еден предизборен митинг.
Шенген е дел од договорот и затоа секоја промена во него бара промена и на европскиот договор.
Сесилија Малмстрем, еврокомесар за правда и внатрешни работи.

Токму таквиот став се повторува и во француско-германското писмо во кое се додава дека е неопходно воведување механизам во случај некоја членка на Шенген зоната да не може да ги исполни обврските и да ги заштити надворешните граници на зоната.

Двајцата министри бараат воведување на едномесечна контрола на нивните граници и тоа да биде дел од новиот механизам во Шенгенскиот договор. Дури по истекот на триесетдневната контрола, Европската комисија ќе има право да реши дали да ја продолжи и натаму или да ја укине.

Париз и Берлин всушност се противат на Европската комисија која си дала за право да решава дали ќе има привремени контроли на границите во случај на загрозување на безбедноста.

Европската комисија, пак, неодамна потсети дека Шенгенскиот договор во 1997 година станал интегрален дел од договорот за Европската унија.

„Шенген е дел од договорот и затоа секоја промена во него бара промена и на европскиот договор“, вели еврокомесарот за правда и внатрешни работи Сесилија Малмстрем.
еврокомесарот Сесилија Малмстрем
еврокомесарот Сесилија Малмстрем

И додека поголемите членки на Унијата сакаат дополнителна заштита од имигранти, оние од Централна и Источна Европа наидоа на уште една бариера, овој пат од Швајцарија, која најави намалени квоти за влез на работници од балтичките земји, Полска, Чешка, Унгарија и Словенија.

Швајцарската влада соопшти дека морала да ја покрене заштитната клаузула од договорот со Европската унија за слободно движење на луѓе, бидејќи во изминативе години бил зголемен приливот на странски работници што може да доведе до зголемување на невработеноста во земјата која сега изнесува само околу 3 насто.

Брисел оцени дека ваквиот потег нема никакво економско оправдување.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG