Достапни линкови

Чешка делегација во Македонија


Средба на министерот за економија Ваљон Сарачини и министерот за индустрија и трговија на Чешка Мартин Куба.
Средба на министерот за економија Ваљон Сарачини и министерот за индустрија и трговија на Чешка Мартин Куба.

Чешка делегација предводена од чешкиот премиер Петр Нечас е во посета на Македонија. Како дел од делегацијата е и чешкиот министер за индустрија и трговија, Мартин Куба кој се сретна со македонскиот министер за економија, Ваљон Сарачини.

Продлабочување на економската соработка со Чешка, очекува македонскиот министер за економија, Ваљон Сарачини од денешната посета на чешката делегација предводена од чешкиот премиер Петр Нечас, а со која во Скопје пристигна и чешкиот министер за индустрија и трговија, Мартин Куба.
Средба на министерот за економија Ваљон Сарачини и министерот за индустрија и трговија на Чешка Мартин Куба
Средба на министерот за економија Ваљон Сарачини и министерот за индустрија и трговија на Чешка Мартин Куба

Куба и Сарачини утринава имаа билатерална средба на која биле разгледани можностите за подобрување на трговската размена и на инвестициите.

Поводот за постетата на чешката делегација е одржувањето на македонско-чешкиот бизнис форум кој ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија кој ќе го отворат министерите Куба и Сарачини.

На билатералната средба како што информираат од Министерството за економија станало збор и за подготовка на првата седница на Мешовитиот комитет по Договорот за економска и индустриска соработка која било предложено да се одржи во последното тримесечје од ова година во Скопје или во Прага како и за можности за соработка во областа на енергетиката. Тука се спомнати Вардарска долина, Термоелектраната „Енергетика“, зголемување на основниот капитал на ЕЛЕМ, во делот на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.

Како резултат на денешната посета се очекува дека претставници од 20-тина чешки компании ќе остварат контакти со домашни компании од секторите енергетика, градежништво, агенции за безбедност. Инаку, Чешката Република за првпат годинава се јавува во листата на земји со кои Македонија остварува најголем обем на трговија и го зазема 19-тото место. Трговијата во првите два месеци од годинава достигнал 18,8 милиони долари. Во 2011 година вкупната трговија изнесува 83,2 милионни долари. Чешките инвестиции во Македонија лани изнесувале 600 илјади евра или учество од 0,2% од вкупниот обем на инвестиции, во 2010 - 3.16%.

На планот на политичките односи Македонија и Чешка имаат традиционално добри и пријателски односи. Политичката соработка е во знакот на силна поддршка од оваа Република во насока на македонските интеграции со желба да ги сподели и искуствата со нас на тој пат. Ваква поддршка беше пренесена и пред две недели кога македонскиот министер за надворешни работи Никола Поповски беше во посета на својот чешки колега во Прага.
XS
SM
MD
LG