Достапни линкови

Неуспешно лансирање на севернокорејската ракета


И покрај предупредувањата од многу земји, Северна Кореја лансира ракета, но како што потврди и официјален Пјонгјанг, лансирањето било неуспешно. Меѓународната заедница сепак оцени станува збор за акт на провокација со кој Северна Кореа уште повеќе се изолира.

Северна Кореа во 7 часот и 39 минути од центарот Тончангри во западниот дел на земјата, лансира ракета со долг дострел Унха 3. Таа, според севернокорејските власти, носела сателит, но не успеала да влезе во орбитата на земјата.

„Научниците и техничарите ја утврдуваат причината за неуспехот“, објави официјален Пјонгјанг во соопштението прочитано на државната телевизија.

За неуспехот на ракетата претходно соопшти и јапонскиот министер за одбрана Наоки Танака:

„Добивме информација дека некаков објект бил лансиран. Се чини дека тој летал околу една минута по што паднал во океанот. Апсолутно нема никакво влијание врз нашата територија.“

Претставник на јужнокорејското министерство за одбрана соопшти дека неколку минути по лансирањето, ракетата се распаднала во неколку делови. Тој потврди дека ракетата паднала во Жолто Море западно од Корејскиот Полуостров.
Добивме информација дека некаков објект бил лансиран. Се чини дека тој летал околу една минута по што паднал во океанот. Апсолутно нема никакво влијание врз нашата територија.

Според некои наводи, ракетата летала околу 120 километри пред да се распадне на четири дела.

Пјонгјанг пред извесно време најави дека ќе испрати ракета со метеоролошки сателит во Вселената како дел од прославите на 100 годишнината од раѓањето на основочат на Северна Кореа Ким Ил Сунг.

Соединетите држави, Британија, Јапонија и други земји оценија дека лансирањето на ракетата претставува нарушување на резолоциите на Обединетите нации со кои му се забранува на Пјонгјанг да врши нуклеарни или ракетни проби.

Портпаролот на Белата Куќа Џеј Карни изјави дека со овој провокативен акт Северна Кореа уште повеќе се изолира. „Севернокорејскиот режим троши пари на оружје и пропаганда додека народот гладува“, рече тој.

Дури и Кина, еден од најблиските сојузници на Северна Кореа, побара од Пјонгјанг да се откаже од лансирањето, оценувајќи дека тоа ќе ги зголеми тензиите на Полуостровот.
Го осудуваме ова лансирање на ракета. Ова претставува јасно кршење на меѓународното право и мислиме дека е неопходно Советот за безбедност да даде јасен одговор и јасна реакција.

Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи итна седница за да дискутира за лансирањето. Шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле, кој престојува во Соединетите држави изјави:

„Го осудуваме ова лансирање на ракета. Ова претставува јасно кршење на меѓународното право и мислиме дека е неопходно Советот за безбедност да даде јасен одговор и јасна реакција“, изјави Вестервеле.

И шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров оцени дека лансирањето претставува непочитување на санкциите на Светската организација кои беа воведени во 2009 година кога Северна Кореа го изврши последниот нуклеарен тест.

Странските новинари кои беа поканети да дојдат во Северна Кореа на прославите на 100 годишнината од раѓањето на Ким Ил Сунг не биле информирани за лансирањето на ракетата.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG