Достапни линкови

Фестивал на куклен театар во Скопје


Театарска претстава за деца: „Муминтрол и зимата“ на Буден театар.
Театарска претстава за деца: „Муминтрол и зимата“ на Буден театар.

Во организација на Буден театар, на 7 и 8 април, во Универзална сала во Скопје, ќе се одржи првото издание на Меѓународниот детски фестивал на куклен театар „Фенер“.

„Песни од горе“ на театар Рефлексион од Данска, „Мокра приказна“ на Илкова театар од Бугарија и „Муминтрол и зимата“ на нашиот Буден театар, се претставите што ќе бидат прикажани на првиот Меѓународен фестивал на куклен театар „Фенер“ што на 7 и 8 април ќе се одржи во Скопје.

Во Македонија се прават навистина многу малку куклени претстави и се прават на еден ист начин, на застарена естетика којашто се повторува. Куклата како медиум нуди многу, многу повеќе можности.
Милиана Ленак, актерка.
Целта на манифестацијата е преку внимателно селектираните интернационални проекти да влијае инспиративно на локалните творци и да го подигне нивото на театарската понуда наменета за најмладата публика во Македонија. Од, таму нималку не чуди што Милиана Ленак знае да забележи дека естетиката на овие претстави не случајно е спротивна на она што ние кај нас сме навикнати да го гледаме како театар за деца.
Изложбата на интерактивни картонски играчки „Град од картон“ на Викторија Книш од Украина.
Изложбата на интерактивни картонски играчки „Град од картон“ на Викторија Книш од Украина.
„Во Македонија се прават навистина многу малку куклени претстави и се прават на еден ист начин, на застарена естетика којашто се повторува. Куклата како медиум нуди многу, многу повеќе можности и би сакала, како на професионалците коишто создаваат театар, така и на публиката да и се отворат хоризонтите за сите тие други варијанти на куклен театар што може да се користат.“
Ние сме навикнати дека на децата мора да им сервираме нешто коешто е кичесто, шарено, агресивно во смисла на актерска презентација и во смисла на музика. Вистината е спротивната.
Милиана Ленак, актерка.

Фестивалот ќе биде отворен во сабота, во 11:30 часот, со изложбата на интерактивни картонски играчки на Викторија Книш од Украина. Оваа имагинативна постановка е насловена како „Град од картон“ и ќе ги очекува своите идни жители – куклите, кои под водство на уметницата, од картон ќе ги изработуваат децата во текот на дводневните креативни работилници кои ќе се одвиваат на платото пред Универзална сала.

Згора на ова актерката Ленак ќе иницира креирање на малечки сцени со рачноизработените кукли, а музичкиот педагог Јанинка Невчева и Оливер Јосифовски од групата ЉУБОЈНА ќе експериментираат со создавање музика од импровизирани инструменти. Резултатите од овие три работилници ќе се спојат во една мини претстава која децата ќе ја изведат в недела, на вториот ден од Фестивалот во 14:30 часот.

„Ние сме навикнати дека на децата мора да им сервираме нешто коешто е кичесто, шарено, агресивно во смисла на актерска презентација и во смисла на музика. Вистината е спротивната, децата се бескрајно сензитивни и сега треба малку и ние да станеме сензитивни и треба да го подигнеме нивото на коешто создаваме за нив за да сето тоа добие некое ниво на коешто треба да се стремиме“, вели Ленак.

Организаторите на ова случување Буден театар веруваат дека под благата светлина на фестивалот „Фенер“, кој за прв пат се пали годинава, ќе здогледаат многу детски насмевки и најавуваат дека тие по неговото завршување многу позасилено ќе ја продолжат својата благородна мисија.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG