Неодамна формираниот детски театар „Петар Стојковски-Бабец“ од Битола успева салата да ја преполни со детската публика, во време кога повеќето театри во државата се соочуваат со мала посетеност. За половина година на сцената поставија три премиери со помош на донации и спонзорства, кои стана многу популарни меѓу децата. Со ова по многу години исчекување, Битола го доби првиот детски театар. Ваквиот проект значеше и остварување на неколку децениската желба на неодамна починатиот доајен на битолското глумиште Бабецот. Театарот го формираа група ентузијасти, актери од битолскиот народен театар, меѓу кои и внукот на Бабецот, Васко Мавровски со сопругата Јулијана Мирчевска. Целта им да се развива љубовта кон театарот од мали нозе, со што во континуитет ќе се создава театарска публика
„Ова за децата ќе биде голем плус што ќе добијат еден детски театар. Тоа е здружение за култура и уметност, работиме непрофитабилно. Можете да замисите дека од 1996 година во битолски театар немало детска претстава, значи уништивме седум-осум генерации на деца кои за жал, за првпат доаѓаат на театар на 18-годишна возраст и гледаат неадекватни претстави за нивната возраст. Тука е најголемиот проблем, можеби тоа е и одговорот на прашањето зошто и дали се посетени театарските претстави“, вели Мавровски.
Актерката Мирчевска се надоврзува
„Со текот на времето се покажа дека Битола како град просто е незамисливо дури и смешно што досега нема детски театар. Публиката ја нема. Верувајте се случува. Верувајте се случува да дојдат средношколци на 15 или 16 години и тогаш не знаат како да се однесуваат, не знаат што е театар. Но, доколку на публиката и понудиме претстави за нивна возраст, светски бајки или наши автори, не остануваат рамнодушни. Ние таа публика ќе ја образоваме, публика која понатаму ќе има потреба да доаѓа на театар.“
Детскиот театар досега ги одигра претставите „Готвејќи го Шекспир“, „Зоки Поки“ и „Новогодишна ноќ“. За годинава планираат на сцена да ги постават „Магбет“, „Црвенкапа“, „Петар пан“... Најавија дека ќе изградат постојан репертоар за детската публика да не чека да дојде Нова година или друг празник за да види претстава.
Од 1996 година во битолски театар немало детска претстава, значи уништивме седум-осум генерации на деца кои за жал, за првпат доаѓаат на театар на 18-годишна возраст и гледаат неадекватни претстави за нивната возраст. Тука е најголемиот
проблем.