Вистинската убавина на црешовиот цвет или Сакура е минлива. Цветовите се сјајни кога се во полн цут, но ретко траат повеќе од една недела. Цветаат сите одеднаш означувајќи го доаѓањето на пролетта и на нив се гледа како на знаци на среќа и љубов, но набргу венеат и паѓаат налик на снегулки кои со леснотија се одвеани од силен ветер, вистинска слика на краткотрајна убавина што сугерира чистота и минливост. Во Јапонија овој кус период на расцутување асоцира на неизбежното, краткотрајно присуство на животот, интензитетот, екстремната убавина и смртта. Во суштина, на црешовиот циклус се гледа како на метафора за животот и за неговата краткотрајност и драгоценост.
Ова на македонски и на неколку светски јазици меѓу кои и на јапонски ќе го забележи Бојан Ивановски во каталогот за својата прва самостојна изложба „Сакура“ што од 30 март до 15 април ќе се одвива во Отвореното графичко студио на Музеј на град Скопје. На постановката ќе бидат изложени 20 слики направени во т.н „стенсил техника“ со употреба само на скалпел, пластифицирана хартија и црно-бели аеросол спрејови. Циклусот е создаван во периодот јули 2010 – мај 2011 година и со него авторот заокружува една целина од сопствениот интерес кон древната јапонска уметност и култура воопшто.
„Инспирација за делово е нивната култура, се што има врска до доаѓање на пролет, значи не е нешто комплицирана темата, едноставна е, тоа беше и намерата да биде со доза на наивност.“
Роден 1981 година во Скопје, Ивановски е правник по професија. Тој дипломирал на Факултетот за правни науки на Катедрата за европско право и право на ЕУ, на Универзитетот ФОН, а својот уметнички талент го развивал паралелно со останатите интереси од областа на општествените науки и музиката. Од таму, на прашањето дали во него ќе победи правникот или уметникот вели дека во времево во кое живееме ништо не е извесно.
„Иако сум скептичен мислам дека можам, како ќе тргнат работите никој не знае, може за две-три години нешто сосема трето да работам, бидејќи таков сум, не ме задржуваат многу работи, одам понатака.“
Ивановски веќе има неколку понуди за својата прва самостојна изложба „Сакура“ од галериите во соседните земји, но поради сопственото убедување е дециден во одлуката за тоа да зборува во моментот кога ќе се обистинат таквите пожелувани средби со тамошните љубители на ликовната уметност и на јапонската култура.
Инспирација за делово е нивната култура, се што има врска до доаѓање на пролет, значи не е нешто комплицирана темата, едноставна е, тоа беше и намерата да биде со доза на наивност.Бојан Ивановски, уметник.