Очигледна е чувствителноста на македонските граѓани на националното: дури три наши прилози на темата национализам и меѓунационални односи се меѓу најкоментираните од вас, почитувани, на нашата веб-страница. Поточно, реакциите се главно на интервјуто на високиот комесар за малцински прашања на ОБСЕ во земјава, Кнут Волебек за Радио Слободна Европа и неговите пораки до Владата посериозно и поактивно да се зафати со решавањето на меѓуетничките проблеми.
Не е непозната нетрпеливоста на Македонците спрема странските претставници кои, сепак, се обидуваат да помогнат со меѓународно прифатените стандарди и со искуството токму на ова поле, но ние, заборавајќи на историските факти и на глобалниот свет, тие совети и согледувања речиси секогаш ги сфаќаме како „солење ум“ и априори ги отфрламе.
Никола Јанакиев од далечниот Перт во Австралија, на пример, пишува дека треба Албанците и Македонците сами да си ги решеле проблемите, без, како што мисли тој, фитили од други. Слушател што секогаш се потпишува со куп неповрзани букви од латинската азбука смета дека Западот ја користи македонската неспособност и затоа наметнал формирање влади во кои морало да има албанска партија. Овој слушател наоѓа и забелешки на проектот на ОБСЕ за интегрирано образование прифатен во западните демократии и смета дека не можело мнозинството да се тера да го учи јазикот на малцинството. Миле од Охрид се прашува дали Волебек знаел за кои етникуми зборува кога велел „меѓуетнички тензии“ и „етничка припадност“ и повторно ги критикува новинарите на нашево радио дека немале капацитет да го постават вистинското прашање и дека придонесуваат за разгорување на меѓуетничките тензии.
Бобан од Прилеп коментира дека младите се тепаат меѓу себе поради, како што вели, ретардирани политичари и новинари. Ние, вели, што триесет години работиме како магариња никој не не спомнува, фрли камен по автобус - сите пишуваат за тебе! Нашите весници се ѓубре, порнографија, неморал и насилие... Кога луѓето ќе почнат да ги почитуваат исламот и христијанството и други вери, а не поповите и оџите, тогаш ќе видиме мир и благодет, пишува Бобан.
И за крај, исто така еден од најкоментираните текстови „Роди ме мајко функционер и фрли ме на буниште“ за високоплатените наши политичари и народни избраници, добил една прекрасна, лапидарна порака од Центуриј од Планетата Марс: „Власт е власт, власт е сласт. Господ нека ги казни“.
Ние што триесет години работиме како магариња никој не не спомнува, фрли камен по автобус - сите пишуваат за тебе! Нашите весници се ѓубре, порнографија, неморал и насилие.Коментар од читател.