Достапни линкови

Управниот суд неефикасен


Управниот суд е неефикасен, не го совладува годишниот прилив на предмети и е помалку ефикасен од Врховниот суд по управните спорови во прв степен, стои меѓу заклучоците на анализата што ја спроведе Фондацијата Отворено општество.

Управниот суд е неефикасен, не го совладува годишниот прилив на предмети, помалку ефикасен е од Врховниот суд по управните спорови во прв степен, стои меѓу заклучоците на анализата што ја спроведе Фондацијата Отворено општество.
Тоа не е идејата на управното судство, управното судство е контролор на актите на органите на управата и треба во брза постапка да се заврши работата.
Борче Давитковски, професор.


Анализата имаше задача да согледа и во која мера реформите во Законот за општа управна постапка значат зајакнување на човековите права во управни спорови. Идејата на функционирањето на Управниот суд очигледно не е се уште разбрана, вели професорот по управно право, Борче Давитковски, бидејќи начинот на којшто е поставен не обезбедува заштита на човековите права преку управните
спорови со оглед на тоа што петостепената постапка го одолговлекува стасувањето до правдата.

„Тоа не е идејата на управното судство, управното судство е контролор на актите на органите на управата и треба во брза постапка да се заврши работата.“
Проблемот е најверојатно или во кадровската екипираност на судот или во немањето волја на самите судии, 25 на број, плус вишите управни што се сега избрани, да створат добро нешто за судот, пред се за својот имиџ а се разбира преку тоа и за граѓаните.
Ана Павловска Данева, потпретседател на СДСМ.

Поразува податокот дека ефикасноста на судот е помала од онаа што ја имал Врховниот суд во управни спорови особено во 2010 година кога тој е опремен со кадри и опрема, додава професорката Ана Павловска Данева, која е потпретседател на СДСМ. Ефикасноста нема да се зголеми туку можеби и ќе се повтори истата неефикасност и во второстепената постапка, додава Данева.

„Само си ги трупаме институциите и државна комисијата второстепена и првостепен управен и виш управен второстепен и сите тие ќе покажуваа неажурност и неефикасност, ќе се согласиме на крајот колку и да е звучи непријатно и болно дека проблемот е најверојатно или во кадровската екипираност на судот или во немањето волја на самите судии, 25 на број, плус вишите управни што се сега избрани, да створат добро нешто за судот, пред се за својот имиџ а се разбира преку тоа и за граѓаните.“

Со новите законски измени, состојбата, според Давитковски, станува уште понелогична, споровоите се претвораат во спорови на две рамноправни странки иако е јасно дека во управните спорови едната страна е странка а другата е државен орган.

„Токму тоа е идејата, контрола на извршната власт, а не сега извршната власт да се парничи со странката. Тоа никаде во свет го нема.“

Мора да се направат нови измени или нивно навраќање на старите, упатува професор Давитковски кои би подразбирале поинакво одлучување по жалбите одошто тоа го прават апелационите судови. Во спротивно, тој ќе се сведе на парничен суд, ќе се формираат инситуции и ќе се обучуваат кадри но тоа ќе биде во корист на бесконечни постапки а на штета на човековите права.
XS
SM
MD
LG