Независноста, компетентноста и ефикасноста се суштинските проблеми во судството кои допрва треба да бидат решени во пракса. Во најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, судството повторно е една од областите за која е нотирано дека дополнително треба да се работи.
Професор Осман Кардиу вели дека извештајот ја
отсликува реалната состојба и констатациите на Комисијата и се познати и на власта.
„Се покажува дека и покрај сите реформи кои навидум се преземаат, сепак нема видливи резултати во оваа област, а овие појави се одразуваат врз прогресот на остварувањето на правата и слободите на граѓаните.“
Судијката Маргарита Цаца Николовска вели дека очигледно е оти истите забелешки се повторуваат и реформите кои се направени се донесуваат само на тоа што министерот за правда сега нема право на глас во Судскиот совет и повеќе не членува во Советот на јавни обвинители. Тоа не е суштинското прашање и во извештајот е потенцирано дека тоа не е доволно.
„Таа формалност не ги разрешува сите односи, бројот, мандатот на судиите така како што е даден, а имајќи ги предвид сите други разрешувања, зборувам за Судскиот совет, за се она што е атак на независноста на судството, не е решено.“
Што се донесува до ефиканоста на судството, според извештајот, вкупното траење на судските постапки се уште претставува предизвик.
„Самиот факт, од друга страна дека ние имаме голем број на предмети кои се решаваат сега пред Европскиот суд укажува дека граѓаните не се задоволни и со тие одлуки кои се донесени од страна на домашните судови“, вели Кадриу.
Министерот за правда Блерим Беџети призна дека судството е слабо. Но, Николовска вели дека тоа не е доволно.
„Ова е многу комплексен проблем и не може да се реши само од една страна, очигледно дека има потреба од сериозност во пристапот на тие работи.“
Кадриу смета дека најпрвин треба да се утврдат причините за проблемите во судството.
„Ако имаме вакви појави, мораме да дадеме одговор зошто е тоа така, ако ние не ги утврдиме причините тогаш секоја мерка може да биде несоодветна и секоја реформа може да биде несоодветна.“
Во извештајот се забележува и за начинот на изборот на судии и јавни обвинители, како и тоа дека во пракса понатамошниот напредок на судскиот систем е попречен од несоодветно финансирање.
Професор Осман Кардиу вели дека извештајот ја
Се покажува дека и покрај сите реформи кои навидум се преземаат, сепак нема видливи резултати во оваа област, а овие појави се одразуваат врз прогресот на остварувањето на правата и слободите на граѓаните.Осман Кадриу, универзитетски професор.
„Се покажува дека и покрај сите реформи кои навидум се преземаат, сепак нема видливи резултати во оваа област, а овие појави се одразуваат врз прогресот на остварувањето на правата и слободите на граѓаните.“
Судијката Маргарита Цаца Николовска вели дека очигледно е оти истите забелешки се повторуваат и реформите кои се направени се донесуваат само на тоа што министерот за правда сега нема право на глас во Судскиот совет и повеќе не членува во Советот на јавни обвинители. Тоа не е суштинското прашање и во извештајот е потенцирано дека тоа не е доволно.
„Таа формалност не ги разрешува сите односи, бројот, мандатот на судиите така како што е даден, а имајќи ги предвид сите други разрешувања, зборувам за Судскиот совет, за се она што е атак на независноста на судството, не е решено.“
Што се донесува до ефиканоста на судството, според извештајот, вкупното траење на судските постапки се уште претставува предизвик.
„Самиот факт, од друга страна дека ние имаме голем број на предмети кои се решаваат сега пред Европскиот суд укажува дека граѓаните не се задоволни и со тие одлуки кои се донесени од страна на домашните судови“, вели Кадриу.
Ова е многу комплексен проблем и не може да се реши само од една страна, очигледно дека има потреба од сериозност во пристапот на тие работи.Маргарита Цаца Николовска, уставен судија на БиХ и поранешна судијка во Судот за човекови права во Стразбур.