Хелсиншкиот комитет изразува загриженост дека како никогаш досега новинарите се притисок од два паралелни извора, владината кампања и провладините медиуми. Во месечниот извештај се забележува оти ова во никој случај не е дел од демократски амбиент во кој треба да се развива едно општество и се нагласува потребата од постоење здрава критичка свест:
„Тоа не е проблем само на медиумите, во правната област практично нема стручна дебата за тоа од кои се вистинските проблеми, од каде доаѓаат притисоците и како тие ќе се решат. Да не спомнувам дека имаше напори да се згасне слободата и во академската средина со познатите притисоци на извршната власт врз Универзитетот“, рече на прес-конференцијата Гордан Калајџиев.
Хелсиншкиот комитет како втора проблематика го препознава и тоа што во Собранието, медиумите и јавниот курс воопшто, говорот на омраза станал вообичаена комуникација и оти никој не се тревожи кога јавно се прогласуваат личности за предавници. Комитетот детектира дека последиците од говорот на омраза треба да бидат дефинирани во кривичниот законик како и да се воспостави процедура за водење на постапки при злосторства од одмазада.
„При мои стручни анализи бев повеќепати нападнат во смисла дека со мојот критичен став и одмагам на Македонија во процесите за евроинтеграција и асоцијација. Значи замолкнување на јавноста, замолкнувањето на јавната дискусија генерално за важни општествени прашања во никој случај не може да биде од корист за Македонија, тоа е само залажување. За жал, нашето општество функционира многу блиску до еднопартиски систем, ние денеска повторно имаме идеолошка поделба - или си со власта или си против нив.“
Извештајот на Хелсиншкиот комитет содржи и реакција дека Јавното обвинителство повторно потфрлило во делот на спроведување истрага за случајот на Мартин Нешкоски и дека продолжуваат пропустите во „Пајажина“.
„Проблемот со полицијата го имаме и на други места во стратегијата, нема вистинска контрола врз полицијата, најмалку во делот на приватноста, никој нема контрола врз ДБК. За жал Хелсиншкиот комитет сериозно размислува по прашањето на приватноста и контролата врз ДБК, да поднесе иницијатива пред европскиот Суд за човекови права во Стразбур и на тоа практично почнавме да работиме.“
За да се избегне продолжувањето на ваквите трендови Хелсиншкиот комитет подготви и стратегија од неколку точки за да даде нов импулс во јавниот курс и враќање на демократијата во наредните две години.
Тоа не е проблем само на медиумите, во правната област практично нема стручна дебата за тоа од кои се вистинските проблеми, од каде доаѓаат притисоците и како тие ќе се решат.Гордан Калајџиев, Хелсиншки комитет.
„Тоа не е проблем само на медиумите, во правната област практично нема стручна дебата за тоа од кои се вистинските проблеми, од каде доаѓаат притисоците и како тие ќе се решат. Да не спомнувам дека имаше напори да се згасне слободата и во академската средина со познатите притисоци на извршната власт врз Универзитетот“, рече на прес-конференцијата Гордан Калајџиев.
Хелсиншкиот комитет како втора проблематика го препознава и тоа што во Собранието, медиумите и јавниот курс воопшто, говорот на омраза станал вообичаена комуникација и оти никој не се тревожи кога јавно се прогласуваат личности за предавници. Комитетот детектира дека последиците од говорот на омраза треба да бидат дефинирани во кривичниот законик како и да се воспостави процедура за водење на постапки при злосторства од одмазада.
За жал нашето општество функционира многу блиску до еднопартиски систем, ние денеска повторно имаме идеолошка поделба - или си со власта или си против нив.Гордан Калајџиев, Хелсиншки комитет.