Судството, јавната админстрација и медиумите ќе бидат критикувани во извештајот на ЕК. Вицепремиерката за евроинтеграции, Теута Арифи, очекува сличен извештај од ЕК како ланскиот. На средба со новинарите, таа рече дека извештајот ќе содржи препорака за почеток на преговорите со ЕУ, „ќе ги нотира постигнувањата, но и областите каде е потребен поголем напредок“. Сепак, таа посочи дека деблокирањето на процесот на евроинтеграции зависи од решавање на спорот за името.
Арифи вели дека извештајот, што ќе биде презентиран на 12 октомври, ќе даде објективна слика за реалноста во земјата и оти треба да го прифатиме добронамерно и конструктивно.
„Треба да бидеме задоволни со оглед на задржаната препорака, нотираниот успех и да работиме на подобрување. Не треба да западнеме во евроскептицизам, а тука улогата на медиумите е многу важна“, вели Арифи.
Таа очекува позитивни оцени за успешно спроведените вонредни парламентарни избори, во делот на политичките критериуми и за хармонизацијата на законодавството со тоа на ЕУ. Забелешки се очекуваат во делот на реформите во судството и администрацијата.
Во однос на медиумите ќе биде поздравен воспоставениот дијалог меѓу Владата и ЗНМ, вели вицепремиерката Арифи.
Американскиот амбасадор Пол Волерс пак го посочи Рамковниот договор како еден од клучните документи за евроинтеграциите на земјава. Волерс денеска се сретна со вицепремиерот задолжен за спроведување на рамковниот договр, Муса Џафери.
„Една од клучните работи за нас е Охридскиот рамковен договор, на кој Соединетите Држави се посветени, како клучен основен документ за развојот на Република Македонија како вистински просперитетна и мултиетничка демократија и како чекор кон евроатлантската иднина на земјата“, рече Волерс.
Џафери изјави дека спроведувањето на Рамковниот договор е многу битно.
„Тоа е најпозитивното нешто што 10 години во постконфликтниот процес, успеавме премку дијалог и институционално да ги менаџираме процесите.“
Не треба да западнеме во евроскептицизам, а тука улогата на медиумите е многу важна.Теута Арифи, вицепремиерката за евроинтеграции.
Арифи вели дека извештајот, што ќе биде презентиран на 12 октомври, ќе даде објективна слика за реалноста во земјата и оти треба да го прифатиме добронамерно и конструктивно.
„Треба да бидеме задоволни со оглед на задржаната препорака, нотираниот успех и да работиме на подобрување. Не треба да западнеме во евроскептицизам, а тука улогата на медиумите е многу важна“, вели Арифи.
Една од клучните работи за нас е Охридскиот рамковен договор, на кој Соединетите Држави се посветени, како клучен основен документ за развојот на Република Македонија како вистински просперитетна и мултиетничка демократија и како чекор кон евроатлантската иднина на земјата.Пол Волерс, амбасадор на САД во Македонија.