Достапни линкови

Интервју - Жан Клод Шлумберже


Жан Клод Шлумберже
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:08 0:00

Жан Клод Шлумберже, Амбсадор на Франција во Република Македонија

Ни останува само да констатираме една загрижувачка состојба во врска со состојбата во медиумите уште од пред една година, вели францускиот амбасадор Шлумберже.

Амбасадоре, Македонија е во очекување на извештајот за напредокот на земјата од страна на Европската Комисија. Во таа насока, кои се вашите очекувања од претстојниот извештај?


Објавувањето на извештајот за напредок како и секоја година ќе биде важен момент во однос на проширувањето на Европската Унија, зошто оваа година пакетот за проширување се засегнати осум земји, шест од Балканот, плус Турција и Исланд, Хрватска веќе не е дел и ќе има одреден број на препораки во однос на кандидатскиот статус и перспективи за отворање на преговорите. Кој е предизвикот за вашата земја? Двоен е, затоа што развојот на процесот на реформи ќе треба да биде позитивно оценет, но исто така ќе треба да се знае дали препораката за почнување преговори ќе биде повторена, затоа што таа препорака не е вечна и се надевам дека ќе ја добиете препораката за почеток на преговорите. Државите членки едногласно ќе треба да ја донесат таа одлука.

Значи ли тоа дека Македонија ќе добие преодна оценка во извештајот?


Не можам да предвидам, да почекаме во детали да го видиме извештајот, да видиме како ќе биде оценет напредокот, односно дали напредувале работите, или останале на статус кво или малку задоцниле, за што се надевам дека нема да биде така. Сосема очигледно е дека е спроведена огромна законодавна работа и покрај тоа што секогаш тоа не е соодветно со европските норми, мислам пред се на законот за недискриминација или амандманот во однос на составот на Советот за радиодифузија, но она што е најважно е дека спроведувањето на тие реформи и усвојувањето на текстовите и областите во кои се очукува напредок се јасно определени уште во претходниот извештај, зборувам за независноста на судството, реформите во јавната администрација, борба против корупцијата, слободното изразување во медиумите, политичкиот дијалог, тоа се области за кои искрено се надевам дека ќе се констатира напредок во извештајот.

Критиките од Брисел укажуваат на застој во реформите во судството и јавната администрација. Од она што го кажавте досега може ли да заклучам дека го делите истиот впечаток за овие области?


Ќе кажам само дека има уште многу работа, но и сите сме свесни, властите од вашата земја, но и меѓународната заедница и на билатерален план, освен тоа што се прави во Европската Унија, се обидуваме да допринесеме во таа насока, Франција спроведува обука за јавната администрација, но и со низа соработки со Секретаријатот за европски прашања со минситерството за информатичко општество и администрација, и на пример за правдата, високото училиште за судство има соработка со академијата за судии и јавни обвинители и се надеваме дека на ваков начин ќе придонесеме за развој на настаните зошто неопходно е да имаме правосудство и администрација кои се независни, професионални и подготвени да ја спроведуваат задачата којашто им е доверена.

Во едно од претходните интервју за нашето радио изјавивте дека сте песимист во поглед на решавање на паршањето за името со Грција. Се уште ли не гледате знаци за напредок во преговорите?


Многу е тешко да се каже кога не учествуваме во самите преговори и по дефиниција јас не учествувам во преговорите затоа што одредени работи се случуваат во Њујорк, помеѓу Скопје и Атина можеби и на друго место, но она што јас го забележувам е дека прашањето за името и покрај тоа што не е услов за приклучување во Унијата, тоа е огромна политичка пречка и затоа ние сметаме дека треба да биде надминат колку што е можно побрзо преку компромис прифатлив од двете земји. Пред некое време имаше одредена потврда за политичка волја дека истата постои да се реши тоа прашање и тоа ме радува, зошто Франција има огромна надеж дека тоа ќе се случи и се надеваме дека нема да бидеме разочарани.

Дали е за Вас провокација подигнувањето на споменикот на Александар Македонски на градскиот плоштад, како што тоа го интерпретира другата, односно грчката страна?


Видете, во однос на грчката страна, ќе кажам дека доста ги намали реакциите коишто можеа да бидат поостри, но мислам дека и од едната и од другата страна треба да се смират нештата. Не треба да се користи прашањето во врска за идентитетот со прашањето за името, затоа што прашањето за името е нешто што е добро дефинирано и преговорите треба да се водат во рамки на ОН и посредникот. Знаеме дека треба да се најде некоја формулација и мислам дека би било жално ако прашањето се прошири на други области за кои не би требало да се прошири.

Дали компромис за името, значи автоматски добивање датум за почнување преговори за членство во Унијата?


Не можам да се изјаснам во име на државите членки, но сосема јасно е дека многу набрзо ќе отпочне позитивен процес во таа насока. Ние очекуваме нешто конкретно што ќе може да ја отпочне таа динамика.

Неодамна бевме сведоци на инцидент во Европскиот парламент каде што се демонстрираше поделеноста кај македонските новинари. Во тој контекст, како гледате на состојбата во медиумите и сметате ли дека слободата на изразување е загрозена?


Инцидентите коишто се случија меѓу новинарите и европските парламентарци е за жалење, затоа што со тоа се создава многу лош амбиент. Ни останува само да констатираме една загрижувачка состојба во врска со состојбата во медуиумите уште од пред една година. Тоа е очигледно затоа што претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, госпоѓа Мијатович во повеќе наврати интервенираше и јавно го искажа своето мислење. Плурализмот на медиумите, критиките кон власта, но и постоењето на независно тело за регулација се суштински елементи за информирање на граѓаните но и за добротот функционирање на демократијата. Знам дека постојат огромни тешкотии со кои се соочува медиумскиот сектор, како на пример недостаток на финансиска транспарентност, политички притисок, но исто така и обврзување кон професионалност на новинарите, сето тоа треба да претставуваат причини за валстите да бидат многу попретпазливи и да не се задоволат од намалување на медиумскиот простор во земјата туку токму спротивносто и затоа сум многу задоволен од иницијативата која се случи на почетокот на месецот, за тркалезна маса која ја организираше вицепремиерката Теута Арифи и Здружението на новинари. Тоа е одлична иницијатива која ќе ги донесе своите резултати.

Во тој контекст, каков е според Вас степенот на политичка демократија во земјава?


Сите сосотојби постојат за да има нормален политички живот и нормален дијалог. Имаме собрание коешто беше изгласано по изборите од 5 јуни, легитимна Влада која беше избрана во зависност од желбата на граѓаните, комисии коишто функционираат и треба навистина играта да биде почитувана од сите страни. Не само од мнозинството туку и од опозицијата. Односно мнозинството треба да ја почитува опозицијата, да и овозможи да ги изнесе своите ставови и да учествува во демократската игра. Но и опозицијата од друга страна треба да смета дека има одговорна влада и опозицијата си е одговорна пред самите гласачи. Сето тоа требна да се остварува преку добра атмосфера, затоа што дебатата е многу важна, предизвиците се познати, мислам дека има и заеднички предизвици како оние за кои зборувавме на почетокот, а тоа се евроатланските интеграции.

Каква пак е вашата оценка за меѓуетничките односи во земјава?


Сите прослави коишто се случија за десетгодишнината од Охридскиот рамковен договор го покажаа целиот пат којшто беше изоден, но исто така и добрите работи коишто беа направени и добриот пат којшто го презема Македонија во 2001 година. Ако тоа го споредиме со меѓуетничките односи во земјите од регионот и блиските соседски земји ќе видиме која беше добродетта од направениот избор. Ален Лероа ми кажа кога присуствуваше летово на прославата, навистина беше зачуден во позитивна смисла кога забележа дека заедно се живее, заедно се зборува меѓу две заедници кои беа спротиставени. И ми кажа дека тоа е навистина извонреден напредок, значи да си честитаме за тој позитивен развој на нештата којшто треба да продолжи без да ги заборавиме и помалите заедници како на пример Ромите, зошто Македонија во моментот претседава со Декадата на Ромите и мислам дека тоа е извонредна прилика да искажеме огромно значење и работа којашто ни претстои за помош на тоа население.

Во однос на економската соработка меѓу двете земји, има ли можност за влез на француски брендови во земјава, имаат ли француските инвеститори интерес за вложување на својот капитал на македоснкиот пазар?


Економската и финансиска криза од којашто беше засегнат целиот, посебно западниот свет не е благонаклонета кон потрошувачката и инвестициите и мислам дека тоа беше главната причина поради која одреден број проекти за француски инвестиции беа тргнати настрана. Искрено се надевам дека се тргнати само привремено. Тоа значи дека и покрај тоа што контекстот е тежок, економскиот живот продолжува, претпријатијата треба да продолжат да се развиваат и има одреден број на проекти како дистрибуција, инфраструктура, енергетскиот сектор и мислам дека ако локалната рамка се оцени како позитивна, вражањето на инвестииторите ќе биде побрзо и француските инвеститори ќе бидат многу поприсутни тука.

Дали економската криза беше единствената пречка за неинвестирањето тука или постојат и други причини поради кои француските инвеститори не доаѓаат?


Видете, затоа и ви зборував за рамката на инвестирање, односно деловната клима којашто е многу подобрена, одреден напредок е постигнат со донесувањето низа мерки да може поедноставнио и полесно да се отвори фирма овде, тука е направен позитивен развој. Но, сепак постои се уште бирократската потешкотија, која понекогаш моите граѓани тешко ја разбираат и мислам дека треба да се направи уште мал дополнителен напор во таа насока, но повторувам дека постојат мошне интересни перспективи.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG