Поради одредени суштествени пропусти во постапката, непотполно утврдена фактичка состојба или погрешна примена на материјалното право, повисоките судови ги укинуваат судските одлуки на основните. Упатените посочуваат дека не ретко причина може да биде и различното
мислење на судиите, зошто пресудите се донесуваат врз основа на слободно судско уверување.
„Тоа слободно судско уверување не мора да биде идентично на пониските и повисоките судови. Причините се многу и различни, но најчесто причина за укинување на вакви одлуки е тоа што е направена некоја суштествена повреда на постапката“,изјави адвокатот Еленко Миланов.
Но, од друга страна пак, укинувањето на судските одлуки отвора простор за сомневање во стручноста и професионалноста на судскиот кадар.
Судијка Маргарита Цаца Николовска вели дека причините поради кои пак биле направени пропусти во постапката, а што завршило со укинување на одредена пресуда може да бидат повеќе.
„Може да дојде и до промена на законот, тогаш судијата не е виновен, може да дојде до некој нов доказ кој што во тој одреден временски период бил недостапен, итн.“
Сепак, Николовска не ја отфрла моженоста дека одредени судски одлуки биле донесени под некаков притисок.
За универзитетскиот професор Рухи Бакиу одлуката на укинување одлуки од страна на повисоките судски инстанци е легитимна, но според него потребно е да се преземат дисциплински мерки доколку се случи на ист судија да му бидат укинати повеќе пресуди во текот на годината.
„Кога им се укинуваат повеќе од 20 отсто од донесените одлуки тоа е сериозен основ за разрешување на судијата. Најверојатно се работи за неквалитетни кадри кои се наоѓаат на такви позиции во нашето судство.“
Експертите велат дека не е едноставно да се утврди кои се причините за донесување на неквалитни пресуди. Признаваат дека бројот на укинати предмети во земјава е голем. Согласни се дека се работи за сложен проблем во кој не треба да се исклучат незнањето, политичките импликации и лошата кадровска политика.
Пред неколку дена Битолска апелација ја укина пресудата за убиството на српскиот турист во Охрид и го врати предметот во Прилепскиот основен суд. Истот суд ја укина и пресудата за случајот кај струшкото Пливалиште каде што загинаа три лица.
Кога им се укинуваат повеќе од 20 отсто од донесените одлуки тоа е сериозен основ за разрешување на судијата. Најверојатно се работи за неквалитетни кадри кои се наоѓаат на такви позиции во нашето судствоРухи Бакиу, универзитетски професор
мислење на судиите, зошто пресудите се донесуваат врз основа на слободно судско уверување.
„Тоа слободно судско уверување не мора да биде идентично на пониските и повисоките судови. Причините се многу и различни, но најчесто причина за укинување на вакви одлуки е тоа што е направена некоја суштествена повреда на постапката“,изјави адвокатот Еленко Миланов.
Но, од друга страна пак, укинувањето на судските одлуки отвора простор за сомневање во стручноста и професионалноста на судскиот кадар.
Судијка Маргарита Цаца Николовска вели дека причините поради кои пак биле направени пропусти во постапката, а што завршило со укинување на одредена пресуда може да бидат повеќе.
„Може да дојде и до промена на законот, тогаш судијата не е виновен, може да дојде до некој нов доказ кој што во тој одреден временски период бил недостапен, итн.“
Сепак, Николовска не ја отфрла моженоста дека одредени судски одлуки биле донесени под некаков притисок.
Причините се многу и различни, но најчесто причина за укинување на вакви одлуки е тоа што е направена некоја суштествена повреда на постапкатаЕленко Миланов, адвокат