Земјоделски парцели земени под наем од државата во кои концесионерите не можат да влезат заради узурпатори и покрај правосилните судски одлуки. Денационализирани имоти кои сопствениците не можат да ги стават во владение исто така заради узурпатори и покрај тоа што судот одлучил во нивна полза. Ова се неколку примери од Битолско. Првиот е случај е од село Ивањевци. Земјоделецот Тоде Лазаревски од државата под концесија зел 90 хектари земјоделско земјиште во соседното село Трновци, а селаните го попречувале да влезе. Така од нивата наместо плодови се народиле тужби.
„Траеше судскиот спор десет години, се затајуваше, интервенирав до Републички судски совет да се активира предметот, да оди. Мене ми помина петгодишниот договор, десет години се судев, земјата лежеше, државата не добиваше надомест. Судот носеше времена мерка да влезам, ќе влезев со полициска асистенција, ќе дојдеше цело село толпа, ме спречуваа и поднесував пак тужби. Луѓето на крајот го изгубија спорот. Е, сега јас треба да потегнам тужба против државата, да го барам земјиштето, морам да го работам имам пет години договор“, вели Лазаревски.
Другиот пример е во битолското село Крклино. Семејствата Ѓаковски иПапиќ не можат да користат денационализирано земјиште од 2003 години со површина од 5 илјади метри квадратни зашто им попречуваат селаните кои местото со години го користат за фудбалско игралиште.
„И покрај правосилната судска одлука на Основниот суд од Битола, крклиснкиот спортски клуб не сакаше да го отстапи во владение, па сопствениците поведоа извршна постапка, па извршителот си презеде дејствија за предавање во владение на делот врз кој имаат сопственост. Мора да завладее правото во оваа држава, имаме правосилни одлуки кои се извршни. Повеќе не би требало да има коментар во оваа насока“, вели адвокатот Ристо Алексовски.
Сопствениците и концесионерите прашуваат зошто во државата се потребни години за да се спроведат правосилни судски одлуки и колку државни пари се одлеваат во случај да биде тужена државата за вакви апсурдни случаи?
Десет години се судев, земјата лежеше, државата не добиваше надомест. Судот носеше времена мерка да влезам, ќе влезев со полициска асистенција, ќе дојдеше цело село толпа, ме спречуваа и поднесував пак тужби. Луѓето на крајот го изгубија
спорот.
„Траеше судскиот спор десет години, се затајуваше, интервенирав до Републички судски совет да се активира предметот, да оди. Мене ми помина петгодишниот договор, десет години се судев, земјата лежеше, државата не добиваше надомест. Судот носеше времена мерка да влезам, ќе влезев со полициска асистенција, ќе дојдеше цело село толпа, ме спречуваа и поднесував пак тужби. Луѓето на крајот го изгубија спорот. Е, сега јас треба да потегнам тужба против државата, да го барам земјиштето, морам да го работам имам пет години договор“, вели Лазаревски.
Другиот пример е во битолското село Крклино. Семејствата Ѓаковски и
Мора да завладее правото во оваа држава, имаме правосилни одлуки кои се извршни. Повеќе не би требало да има коментар во оваа насока.